Општо

Ејвори- трчање за борба против рак на панкреас

Ејвори, сега 13-годишно девојче од Сан Франциско, со насмевка со големината на Тексас, се придружи во борбата против  рак на панкреасот уште во 2013 кога имаше само 7 години. Таа секоја година учествува на различни трки, со цел да собира пари за Мрежата за акција против рак на панкреас  PANCAN.

Ејвори покажала интерес да трча кога имала само 4 години. Мајка ѝ изјави : “Таа трчаше околу една милја пред да морам да ја запрам. Мислев дека можеби е премногу за неа. Околу една година подоцна, таа инсистираше да ми се придружи во трките каде што јас трчав, а мојот сопруг не следеше паралелно со  автомобилот. Таа истрча три милји со мене и цело време беше со голема насмевка на лицето. Има толку многу трки кои поддржуваат големи идеи и мојот сопруг и јас  заклучивме  дека ако таа ужива во трчање толку многу, таа и ќе се забавува и ќе придонесе за доброто на заедницата и општеството.”

Ејвори ужива во  пливање, цртање и играње со своите сестрички. Таа изјави: „Трчањето ме прави среќна. Ме тера да се чувствувам добро, да направам добро дело. Сакам болеста да замине за луѓето што ја имаат, да имаат подобар живот. На сите што ќе донираат на моето трчање, ќе направам слика за вас“ вели Ејвори.

Ејвори е прекрасно и инспиративно девојче кое со своето срце и насмевка пренесува една голема порака да нѐ потсети дека хуманоста во човештвото сеуште постои.