Општо

Џесика Серџент – жена со оштетен слух: “Бебињата имаат право да го учат знаковниот јазик”

Лицата со посебни потреби како и нивните родители одат по многу тежок пат, не само кај нас туку и во светот. Ова е една важна приказна што треба да објасни за тоа како животот на децата со оштетен слух може да се промени преку раниот пристап до знаковниот јазик.

Страсната поборничка за заедницата за глуви, Џесика Серџент е хероина која го посветува животот да промовира и овозможи пристап до знаковен јазик на бебињата од самото раѓање во Америка. Таа  е лице со оштетен слух и нејзина мисија е ниту едно дете да не страда како што таа самата страдала кога била малечка.

Џесика е глува уште од бебе и немала пристап да научи знаковен јазик сè додека не наполнила 11 години. Нејзините родители сакале таа да започне порано во училиште , но лошите политики на училишниот одбор не го поддржале тоа. Таа ги доживеала последиците од лишувањето од знаковен јазик како дете и  тоа влијаело во нејзините подоцнежни години.

„Она што сакам, е луѓето да сфатат  дека знаковнот јазик е природен јазик на глувите лица. Ова започнува со признавање на глувите бебиња како малцинство и  овозможување на целосен пристап до овој јазик сѐ од нивното раѓање. Постојат непремостливи бариери со кои се соочуваат родителите за да се обезбеди нивното глуво дете да има пристап до знаковен јазик “, вели Џесика.

Оваа година се одбележува 202та-годишнина од воведувањето на знаковниот јазик во Америка и тоа во Американското училиште за лица со оптетен слух во 1817 година. “Бебињата кои можат да слушаат се охрабрени да учат и користат знаковен јазик за придобивки во комуникацијата, додека на глувите бебиња им е скратено ова нивно човеково право. Тоа е во главно заради дискиминациската идеологија која стои на тоа, дека да се слуша и / или да се зборува е единствениот начин да се стекне со познавање на јазик, да се комуницира и да се биде успешен“, изјави Џесика.

На лицата со попречен развој им треба поддршка не само од некој што поминал низ истите страдања, туку и поддршка од целото општество каде треба да има еднакви права за сите без разлика на тоа дали се со или без хендикеп.