Општо

Ено Еканем – иноваторка која измисли дрон кој ќе носи лекови во руралните области во Африка

Старт-ап компаниите и иноваторството во оваа деценија доживуваат подем. Денес, како никогаш досега, многу луѓе имаат пристап до секакви извори, материјали и идеи со кои можат да направат изуми за доброто на човештвотото. Но за разлика од западната цивилизација, останатиот дел од светот ги нема на достап овие ресурси. На Ено Еканем од Нигерија ѝ е дадена можност да го промени ова, посебно во овие земји, каде за девојчињата сеуште се смета дека треба да бидат само мајки и да се грижат за домот.

Оваа петнаесетгодишна девојка е меѓу 80те девојчиња од 34 африкански земји кои присуствуваа на првиот Кодинг камп во Адис Абаба, Етиопија во 2018 година. Кампот го означи лансирањето на иницијативата „Африканските девојки можат да кодираат“, која е заедничка програма на Африканската унија, UN Women и Интернационалната Телекомуникациска Унија.

„Кодирањето е предмет во нашата наставна програма и  јас ги посетував тие часови од 2017 година, кога имав 14 години. Но сакав да знам повеќе за кодирањето , бидејќи навистина наставата беше површна во ова поле. Момчиња се специјализираат за работа со компјутери, повеќе од девојчињата. Девојчињата се соочуваат со дискриминација во овој сектор, затоа што компјутерската наука секогаш се сметала како наука за момчиња, а не за девојчиња. Луѓето не прашуваат : “Не треба да научите да бидете домаќинки”?“- раскажува Ено.

„Мојата перспектива се смени, бидејќи и јас мислев дека компјутерите се наменети само за момчиња. Но сега, одкога го посетив Кодинг кампот, каде присуствуваа многу жени кои  дојдоа и ни зборуваа за кодирање, гледам дека, да, и девојките можат да го сторат тоа! Ние се обидуваме да изградиме дрон кој е контролиран преку СМС-пораки што ќе може да доставува лекови во руралните области бидејќи луѓето таму немаат пристап до нив. Бевме шест девојки во мојата група, од Намибија, Руанда, Свазиленд, Сенегал и Нигерија. Беше супер да се работи во група како оваа. Учите за кодирање, но и други аспекти за тоа како ние споделуваме идеи и ги развиваме истите. Во исто време учите за различните земји и култури. Ние се слушавме едни со други, си дававме простор да зборуваме и се обидувавме да работиме заедно.” – споделува таа .

„Тука ми дадоа лаптоп кој  ќе го однесам на училиште и ќе ги научам моите врснички како да кодираат. Тие не треба да мислат дека само момчињата го можат тоа! Ќе се погрижам да споделам сè што научив овде, вклучувајќи ги и вештините за обука на живот“.

Иноваторството потекнува од желбата и талентот на младите низ светот да создаваат, да креираат. Со оваа појава многу брзо се кршат стереотипите дека само машките можат да створат нешто. Ено Еканем ќе го пренесе своето знаење дома каде што и другите девојчиња ќе имаат можност да видат што таа направила и ќе им даде поддршка и тие да направат и креираат нешто свое.