Општо

Милдред Кон – пионерката која ја измислила нуклеарната магнетна резонанца

Дали денес можеме да го замислиме светот без нуклеарната магнетна резонанца? Токму овој изум го создала Милдред Кон која се борела за своето право на образование и работа во оваа област цел свој живот. Таа наишла на многу препреки, но и покрај тоа успеала да ја оствари својата визија и мисија.

Милдред Кон (1913 – 2009) била ќерка на рабин и израснала во средина на култура и образование каде учењето морало да биде да биде запазено на високо ниво. Поддржувачката околина, во комбинација со нејзиниот огромен талент, овозможиле таа да заврши средно училиште на 14 и колеџ на 18 години. Таа успеала да  финансира една година од постдипломски студии во Колумбија работејќи во стоковна куќа и го завршила магистерскиот труд за физичка хемија во тоа кратко време. Тука почнала нејзината борба. Таа била одбивана во институциите кои што не им ги давале асистентските наставни позиции на жените. Без таа позиција, Милдред не можела да си дозволи да продолжи со докторски студии.

Таа се вработила како хемичар за вбризгување на гориво и била единствената жена во нејзината група која се состоела од седумдесет членови. Додека била таму, администраторот, загрижен дека присуството на жена ќе го одвлече вниманието на неговите машки истражувачи, ја сместил надвор од лабораторијата. На Милдред ѝ било дозволено да прави експерименти, но потоа морала да ги предаде на машките колеги.

Без шанси за промоција, и отсечена од лабораториската работа, таа после две години се вратила во Колумбија во лабораторијата на нобеловецот Харолд Ури, кој од самиот почеток и кажал дека ќе биде оставена сама на себе, бидејќи тој не одделувал време да ги советува  своите постдипломци.

Милдред без никаков буџет направила име од себе. Таа, кај  нејзиниот следен ментор Винсент ду Винеауд, (кој не сакал да ангажира жена, но попуштил кога не можел да најде некој друг со капацитет како нејзиниот) изградила масен спектрометар од нула. Подобрите времиња и бумот на Нуклеарната Магнетна Резонанца ѝ донеле дополнително признание, а била наградена со Национален медал на науки во 1983 година и медалот Чендлер во 1986 година.

Милдред Кон била амбициозна, барана, брилијантна авторка на 160 трудови и пионер во полето што го промени начинот на кој што цел свет денес дијагностицира болести. Таа починала на 96-годишна возраст во 2009 година, но нејзината маестрална работа продолжува да спасува животи и да ги поттикнува нејасните рабови на биохемијата, каде што структурата е пресложена и има уште многу што да се открива.

Милдред Кон е пример, поттик, дека и кога не е дозволено, и кога немате поддршка, ниту материјална, ниту општествена, можете да бидете баш таа личност која ќе се избори и успее да го направи овој свет подобар за живеење.