Изборен закон

Изборниот Закон на Република Македонија претрпе неколку измени од осамостојувањето до денес со цел да се овозможи зголемување на учеството на жените во институциите на државата. Последната верзија на Изборниот закон можете да ја најдете на следниот линк:
http://www.sec.mk/files/IzborenzakonikzaWEB1.pdf

Според член 64 од овој закон во секоја поднесена листа на кандидати (на парламентарни или локални избори) на секои три места на листата најмалку едно место му припаѓа на помалку застапениот пол. На ваков начин се овозможува најмалку 30% од избраните пратеници или советници да бидат жени. Иако членот на законот остава можност од трите кандидати на листата две да бидат жени, а еден маж, во праксата сеуште не се практикува на таков начин.
Дополнително, според член 153-а, во случај на престанок на мандат на жена пратеник, мандатот не го добива првиот следен кандидат од листата, туку првата кандидатка жена од листата. Истото е предвидено во член 155-а во случај на престанок на мандат на жена советник во Советите на општините.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *