Жените во политика – РЕАКТОР

Untitled2

РЕАКТОР Истражување во акција е организација која се занимава со истражувања со цел креирање политики. Со поддршка од Француската Амбасада во Скопје и Националниот Демократски Институт, РЕАКТОР реализираше истражување, кое опфати 402 испитаници, советнички и советници од 74 општини во кое опфати широк спектар на прашања поврзани со:

–          мотивацијата за вклучување на жените во политиката на локално ниво

–          поддршката на жените во политичките партии

–          политичките амбиции на жените и мажите

–          ставовите за родовата еднаквост во политиката

Како резултат на истражувањето РЕАКТОР дојде до следните препораки за зголемување на учеството на жените во политика на локално ниво:

На ниво на политики и законодавство ƒ

Политиките за родова еднаквост и институционалните рамки треба да се зајакнат и треба да се назначат соодветни технички, човечки и финасиски ресурси за подобрување на нивната ефикасност и влијание. ƒ

Инвестирањето во установи за грижа на деца и воведувањето на мерки кои би придонеле за балансирање на семејните обврски како што е татковско одсуство за мажите и додатоци за родителски отсуства за обата родители ƒ

Воведување на посебни мерки онаму каде што не постојат, особено на ниво на Владата и на Парламентарните тела ƒ

Да се ревидира правната рамка за да се обезбедат најмалку 30% на сите извршни позиции, како и да се разгледа опцијата за зголемување на квотата на 40% ƒ

Подобрување на родовите статистики кои се релевантна за донесувањето одлуки, вклучувајќи ја и излезноста на изборите

Финансиски стимулации ƒ

Да се обезбедат финансиски стимулации за женските ограноци во политичките партии, како на пример назначено финансирање од државниот буџет ƒ

Да се разгледа можноста за ревидирање на правилата за финасирање на кампањите за да се овозможат финансиски стимулации за политичките партии кои ќе номинираат повеќе женски кандидати за градоначалнички

На ниво на политичките партии ƒ

Регрутирањето на повеќе жени, при што е особено важно тоа да биде што порано, би можело да биде единственото решение за затворање на постоечкиот родов јаз ƒ

Воведување на посебни мерки (квоти) за одлучувачките (извршните) тела на сите нивоа и во сите организациски структури на партијата

Обезбедување посебни можности за градење на капацитети за жените во политичките партии. Конкретно, развивање на механизми и обуки кои би ги поттикнале жените да учествуваат во изборниот процес, политичките активности и други лидерски активности, и како и политичко зајакнување на жените за да превземат јавни должности преку развивање и нудење соодветни алатки и вештини ƒ

Ревидирање на процедурите за регрутирање, со цел да се идентификуваат дискриминаторските практики (кај оние кои одлучуваат за изборите), и да се обезбеди дека жените ќе бидат подеднакво ценети со мажите, како и да се прошири кругот на потенцијални кандидатки ƒ

Овозможување некаква форма на грижа за децата додека траат партиските состаноци, со цел да се олесни товарот врз жените и да се пружат подеднакви шанси за учество

На лично ниво ƒ

Политичарките треба да ги интензивираат напорите за регрутирање на други жени. Жените на лидерски позиции во партиите треба свесно да работат на регрутирање повеќе жени и да се обидат да влијаат врз своите машки колеги да го прават истото ƒ

Вклучување на мажите во агендата за родова еднаквост и свесно работење во насока на поддршка на оние кои веќе го препознале јазот и веруваат во каузата ƒ

Идентификување и мобилизирање на носители на промена кај сите партии за прашањата поврзани со родовата еднаквост или за прашањата кои можат да придонесат за паритет, како и градењето солидарност со нив, ќе биде пресудно и би можело да биде поттик за промени

На ниво на граѓанско општество ƒ

Женските организации и понатаму се средиште за идните лидерки, и треба да продолжат да даваат приоритет на зајакнување на жените и постигнување паритет во донесувањето одлуки ƒ

Да се разгледа можноста за осмислување на активности и услуги кои би им помогнале на кандидатките да се справат со личните обврски за време на кампањите ƒ

Кампања за промоција на жените лидерки и за поттикнување на младите жени да влезат во политиката ƒ

Редовно следење на имплементацијата на политиките и на законските обврски кои се однесуваат на родовата еднаквост и континуирано притискање да се затворат јазовите

 

Целата студија “Жените во политиката: Патот до политичките функции и влијанието на локално ниво во Македонија“ можете да ја најдете на следниот линк

Be the first to comment on "Жените во политика – РЕАКТОР"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*