Национална стратегија за родова еднаквост на РМ (2013-2020)

08328135f3d1967c

Подготовката на Национална стратегија и план за родова еднаквост е дел од проектот кој Министерството за труд и социјална политика, го реализираше во соработка со  UN Women и другите агенции на Обединетите нации во Република Македонија.

За подготовката на новиот предлог текст на Националната стратегија и план за родова еднаквост, беше формирана работна група од претставници на ресорните министерства при Владата на Република Македонија, како и претставници на граѓанските организации кои работаат на полето на родовата еднаквост.

Во првата фаза од подготовката на документот, работната група изработи анализа на  постојната состојба. Оваа анализа, заедно со извршените консултации со сите релевантни чинители, беше основа за определувањето на стратешките приоритети и активности за наредниот период (2013-2020 година).

Во изработката на предлог текстот на Националниот план за акција за родова рамноправност огромен придонес дадоа претставници на владини институции, граѓанските организации и меѓународните организации, преку учество на  работилници за подготовка на предлог  текстот на Стратегијата,    јавнa расправa и дополнителните консултативни средби. Голем дел од предлозите се интегрирани во Националната стратегија и план за родова еднаквост.

 

Национална стратегија за родова еднаквост (2013-2020)

1 Comment on "Национална стратегија за родова еднаквост на РМ (2013-2020)"

  1. I think this is a real great post. Fantastic. Hollandsworth

Leave a comment

Your email address will not be published.

*