Џуди Василициа Лајс, поранешна пратеничка во Собранието на Канада

Judy

Џуди Василициа Лајс беше Пратеничка во Собранието на Канада од 1997 до 2010, кога поднесе оставка за да се кандидира за Градоначалничка на Винипег, Манитоба. Во текот на нејзиниот мандат како пратеничка од Северн Винипег, Џуди служела како Портпарол на НДП за финансии, здравство, имиграција и статусот на жените, како и Координатор на пратеничката група од нејзината партија. Пред нејзиниот мандат како пратеничка, Џуди Василициа Лајс била 8 години член на регионалниот парламент, во кој мандат служела и како Министерка за култура, наследство и статус на жените во Владата на Манитоба во мандатот на НДП. Од 2010 година работи на неколку иницијативи за јакнење на парламентите со Националниот Демократски Институт во Јордан, Пакистан, Косово и Тунис.

 

Еднакви.мк: Зошто се залагате за родова еднаквост?

Џуди Василициа Лајс: Родовата еднаквост не е само основно човеково право, туку е и од фундаментално значење за секое сфаќање на цивилизирано општество; таа е предуслов за ставање крај на сиромаштијата и поттикнување на заеднички и одржлив просперитет.

Еднакви.мк:  Дали некогаш сте биле дискриминирани врз основа на вашиот пол или сте биле сведок на полова дискриминација?

Џуди Василициа Лајс: Многу пати, во текот на моите 30 години на избрани функции, јас се соочував и бев сведок на двојни стандарди и фалсификувани стереотипи кои се фокусираат на возраста, начинот на облекување, тонот на гласот, физичкото присуство, и стилот на презентацијата – и сите до еден го поткопуваат и минимизираат придонесот на жените. Кога за прв пат бев избрана и именувана за министерка во мојата влада, медиуми се занимаваа со облеката која ја носев наместо со плановите кои ги имав за мојата служба. Ниеден од моите машки колеги избрани и именувани во Кабинетот во исто време немаше таков третман. Моите обиди да се балансираат работата и семејството со тоа што во мојата канцеларија поставив оградички за играње за посетите од моето две годишно дете доведе до сугестија дека бев прескапо платена бебиситерка и мојата одлука да го дојам мојот второ роден син во законодавниот дом доведе до приказни на насловните страници на весниците. Ништо од ова не ме одврати од животот во политиката, но не можам да кажам дека стануваше полесно со текот на времето. Како жени во политика, ние сме или премногу млади или премногу стари, или премногу неискусни или имаме премногу искуство. Во мојата последна кандидатура за градоначалник на мојот град, по отслужување на двата регионални и национални нивоа на власта, се соочив со значителен сексизам и предрасуди во однос на годините и во социјалните медиуми и во медиумското покривање. Имаше коментари дека врвот на моето време е поминато, дека сум политичар од кариера, дека треба да се вратам на моето плетење, дека сум премногу феминистка за да водам влада, дека треба да одам дома и да се грижам за внуците, и дека не знам ништо за финансии. Се уште имаме долг пат пред себе!

Еднакви.мк: Дали жените се доволно консултирани кога се донесуваат одлуки?

Џуди Василициа Лајс: Жените во Канада не се подеднакво застапени во салите на моќ и клучните места на донесување одлуки. Постигнат е напредок во текот на последните 30 години, но тој се случува со темпо на полжав. Иако кабинетот на новата национална влада во Канада има 50 % жени, вкупната застапеност на жените во Парламентот на Канада е само 26%, и се уште се наоѓа под критичната маса (барем 30%), која е потребна за да се постигне паритет на долгорочна и трајна основа.

Еднакви.мк: Што мислите дека треба да се промени за подобрување на родовата еднаквост?

Џуди Василициа Лајс: Промените треба да почнат со политичките партии преку поттикнување, регрутирање, и номинацијана жените кога се избира политичка функција. Тоа значи афирмативни политики на дејствување кои препознаваат дека жените се доволно образовани, доволно искусни и доволно паметни за да бидат лидери и претставници веднаш, но дека културни и системски пречки стојат на патот на нивниот успех. За земји како Канада, кои се уште имаат од изборен систем од типот „прв до целта“ поминувањето во форма на пропорционална застапеност ќе го забрза и постигнувањето на еднаквоста. Во владите и политичките партии, министерствата и комисиите за статусот на жените остануваат неопходни за зајакнување на жените и за унапредување на родовата еднаквост. На полето на јавната политика, достапна и прифатлива нега на деца, еднаквост на плати, програми за да се стави крај на насилството врз жените, пензиското осигурување и социјалната грижа остануваат неопходни мерки за жените да се одлучат за активност во политика и да преземат ризик да се кандидираат за јавни функции.

Еднакви.мк: Што ќе биде Вашата лична порака до надежните млади лидерки?

Џуди Василициа Лајс: На младите жени денес: имате се она што е потребно за да го заземете заслуженото ваше место како лидери во вашата заедница и во вашата земја. Имате политичка храброст и желба за промени. Сега е време да се синтетизираат вашите верувања со светот на политиката, да се трансформираат вашиот вредности во јавна акција. Не само што сте подготвени, туку и времето е итно. Вашито целосно и еднакво учество во јавниот и политичкиот живот е од суштинско значење за градење на мир и демократија, како и за одржување на нашата планета.

Be the first to comment on "Џуди Василициа Лајс, поранешна пратеничка во Собранието на Канада"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*