Нееднаквоста во филмовите на Дизни

Untitled

Според истражување објавено од Вашингтон Пост, мажите во филмовите на Дизни добиваат три пати повеќе текст отколку жените. Малите девојчиња многу често се учат за својата улога во животот од овие цртани филмови и ја замислуваат својата иднина по тој основ, поради што вреди да се разгледа што овие филмови ги учат за родовите улоги.

Во класичните три Дизни филмови за принцези, жените зборуваат подеднакво, или повеќе од мажите. Во “Снежана” односот е околу 50-50, во “Пепелашка” е 60-40 и во “Заспаната убавица”, жените испорачуваат неверојатни 71 проценти од дијалогот. Иако овие филмови биле создадени пред повеќе од 50 години, тие даваат многу можности  да се слушне гласот на жените.

Од друга страна, сите филмови за принцези на Дизни од 1989-1999 се вџашувачки доминирани од мажи. Мажите зборуваат 68 отсто од времето во “Малата сирена”; 71 проценти од времето во “Убавицата и ѕверот”; 90 проценти од времето во “Аладин” и 76 проценти од времето во “Покахонтас”. Дел од проблемот е во тоа што во поновите филмови улогите се претежно играни од мажи. Настрана од хероина, филмовите нудат многу малку улоги во кои жените се моќни, се почитуваат, корисни се или комични.

“Има една изолирана принцеза која се обидува да се омажи за некој, но не постојат жени кои прават какви било други работи”, вели Фоут “Не постојат жени како водечки државјани кои одат против Ѕверот, нема жени кои се дружат во таверна заедно пеејќи песни, нема жени кои даваат едни на други насоки, или жени кои измислуваат работи. Секој кој прави било што друго, освен генерално да бара маж, во филмот е маж. ”

Сепак не е важно само колку некој зборува туку и што кажува. Класичните Дизни филмови беа фокусирани на изглед. Повеќе од половина од комплиментите кои ги добиле жените  – 55 отсто – се однесувале на нивниот изглед. Само 11 отсто имале некаква врска со нивните вештини или достигнувања. Во најновата серија на филмови – “Принцезата и жабата”, “Заплеткана”, “Храбра”, и “Замрзната” – моделот е конечно обратен. За прв пат, жените се повеќе пофалени за своите вештини или достигнувања отколку за нивниот изглед. Во просек во овие филмови, 40 отсто од комплиментите насочени кон жени ги вклучуваат нивните способности или достигнувања, додека само 22 отсто се за физичкиот изглед. Дел од причините за овој напредок може да се бара во фактот дека некои од овие карактери се измислени и креирани од жени или пак имало жени во тимовите за сценарио и режија.

Според истражувањето очигледно е дека Дизни студиото вложува напори за порамномерна родова застапеност и разбивање на стереотипите.

Be the first to comment on "Нееднаквоста во филмовите на Дизни"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*