Правата на жените во земјите на ОБСЕ

Untitled

Гардијан креираше интерактивна скала на која се претставени правата на жените во земјите членки на ОБСЕ во различни области, оценувајки ја законската легислатива што земјите ја имаат во таа област. Така на пример, за формирање на оценка за состојбата во областа на семејно насилство ги оценуваат следните прашања:

Дали има Закон кој се однесува на семејното насилство?

Дали има специјализиран суд или постапка за семејно насилство?

Дали законодавството ги вклучува вонбрачните односи?

Дали законодавство вклучува емоционална злоупотреба?

Дали релевантното законодавство вклучува финансиска злоупотреба?

Дали законодавството вклучува физичка злоупотреба?

Дали законодавството вклучува сексуална злоупотреба?

Со одговарање на овие прашања ги класифицира земјите во зависност од тоа дали одговорите се „да“ или „не“. Во случајот со областа на семејно насилство на највисоко ниво е законодавството на Австралија и Швајцарија кај кои на сите поставени прашања одговорот е „да“, а на најниско е Канада која единствено има одговор „да“ на второто прашање. Проценката, направена во 2014та година, можете да ја погледнете на следниот линк.

Be the first to comment on "Правата на жените во земјите на ОБСЕ"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*