Научете нешто за жените

54dae6e1743a9_-_1000-things-word-cloud-crop

Есквајер направи консултации со голем број на жени кои ги дадоа своите совети, мислења и тајни во врска со приватниот живот. После четири месеци работа собраа околу 1000 мудри совети од жени. Еве некои од нив:
– Понекогаш сакаме да не третирате како принцеза. Понекогаш, сакаме да не третирате како сексуален објект. На вас е да дознаете кој од овие третмани го сакаме во дадениот момент, затоа што сигурно нема да ви кажеме.
Јулијана Менделсон, 29, Чикаго

-Бидете внимателни: да ни пеете може да биде целосно симпатично. Но само ако навистина умеете да пеете.
Роуз Фарнсворт, 19, Нешвил

– Вие како го чистите вашиот стан е некако неверојатно секси. Чудно но вистинито.
Ејми Келер, 27, Чикаго

– Не е дека ни се допаѓаат цвеќиња, туку дека подареното цвеќе значи дека сте размислување за нас. Тоа е она што го сакаме.
Шери Питс, 43, Чино Хилс, Калифорнија

– Ние всушност не носиме спарени градници и гаќички по цело време. Шокантно, знаеме.
Никол Ли, 31, Сан Франциско

– Во ред е да пиете розе вино. Знаеме дека е добро.
Роуз Фарнсворт, 19, Нешвил

– Немојте да се изненадите дека имаме кондоми во првата фиока. Бидете среќни.
Кетрин Смит, 27, Бруклин

– Секогаш претпоставете дека она што го содржат нашите чанти е многу потребно. Кога ви треба фластер, безопасна, или влажна марамица, ќе ни бидете благодарни.
Кеси Роденберг, 22, Чарлстон, Јужна Каролина

– Престанете да се грижите за тоа зошто ние сме толку долго во бањата. Сфатете го тоа како непречено слободно време за да изгледате некој натпревар.
Бет Малиноски, 34, Нористаун, Пенсилванија

Be the first to comment on "Научете нешто за жените"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*