V day во Скопје

V day

„Една милијарда се крева“ е најголемата масовна акција за спречување на насилството врз жените во историјата на човештвото. Кампањата, која започна на Денот на вљубените 2012 година, започна како повик за акција врз основа на неверојатните статистики дека 1 од 3 жени на планетата ќе биде тепана или силувана за време на нејзиниот живот. Имајќи ја во предвид светската популација од 7 милијарди жители, се доаѓа до повеќе од една милијарда жени и девојки. На 14 февруари 2013 година, луѓето од целиот свет се собраа да го изразат своето незадоволство и да танцуваат,  барајќи крај во за насилството врз жените. На 14 февруари 2014 година, „Милијарда се крева“ за правда се фокусираше на прашањето од потребата за правда за сите жртви на насилство, и се потенцираше имунитетот што живее во пресекот на сиромаштија, расизам, војна,  капитализмот, империјализмот, и патријархатот. За третата година на кампањата, „една милијарда се крева“ глобалните координатори ја избраа темата на “револуција”, поради што на 14 февруари 2015 година, милиони активисти во повеќе од 200 земји се собраа за промена на парадигма, за да побараат отчетност, правда и системски промени. Во 2016 година, темата на Револуцијата продолжува со повик да се фокусира на маргинализираните жени. Во рамки на глобалната кампања, денес Националниот Совет за родова еднаквост, со поддршка од UN Women, UNDP MK и УНФПА / UNFPA организираше перформанс во Жена парк.

V day 5V day 4V day 3V day 2V day1 V day 6

Be the first to comment on "V day во Скопје"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*