Како да се мотивирам да работам на себе и како да ја одржам таа мотивација

motivacija-za-licni-razvoj

„Можеби сеуште не сум стигнала до целта, но поблиску сум до неа отколку што бев вчера“

„Еве Јелена ќе бидам слободна да ти предложам тема за пишување за во иднина, бидејќи тоа ме интересира во последно време, но мислам дека за тоа малку се пишува: Како да се мотивираш и тоа таа мотивација да трае да работиме на себе (накратко да ги применуваме знаењата, а не само да ги собираме и повеќе да осознаваме, и тука да завршиме, без конкретна примена). Или как повеќе да ги применуваме, доколку тоа веќе го правиме во некоја мала мера, а потоа како да се мотивираме за работа :) Некоја едноставна техника би била супер. : D“
Благодарна сум на читателката која го постави ова прашање. Мислам дека е исклучително важно, и знам дека многу луѓе кои ќе тргнат по патот на личен развој имаат такви дилеми.
Убаво е да се прочита некој инспиративен текст или мотивациска книга. Додека читате, ќе ви се отвори цел еден нов свет на можности и ќе ве преплават оптимизам и верба во посветла иднина. Верба дека Вие ја имате моќта да го направите својот живот поубав. Верба дека можете да ги постигнете своите цели и да ги решите свооите проблеми.
Полни со ентузијазам носите одлука дека од утре вртите нов лист, дека преземате одговорност за вашиот живот и однапред се радувате на вашиот нов, среќен и исполнет живот.
Сè ви е одеднаш јасно, и сега само треба да го примените сето тоа што сте го научиле.
По некое време, ентузијазмот почнува да слабее и вашата верба во можноста за промена станува побледа и побледа.
Се прашувате што е проблемот. Дали проблемот е во вас, зашто сè ви е јасно и се уште не сте во состојба да ја задржите мотивацијата за промена? Или е проблемот во тие текстови и книги. Можеби е затоа што тоа, што се вели дека промената е можна и дека во голема мера зависи од нас, каков вид на живот ќе живееме, е неточно.
Познати ми се овие дилеми. И јас сум ги имала. Повеќе пати сум полетала носена на крилјата на некоја книга, а потоа понекогаш доста болно сум слетала. Не успевав да ја задржам мојата мотивација да работам на себе и се сомневав повремено во сите овие психолошки и психотерапевтски идеи и концепти.
Моја среќа, а и ваша е што не се откажувам толку лесно.
Во продолжеток на текстот ќе ги споделам со вас начините кои ми помогнаа, и се уште ми помагаат, да останам мотивирана секој ден да работат на себе.
Содржани се во три цитати и една приказна.
“Луѓето често велат дека мотивацијата не трае долго, а јас им велам дека не трае ни тушираето. Затоа, мотивацијата и туширањето ги препорачувам секојдневно. ” Зиг Зиглар
Ако секој ден направите нешто малку за себе и за својот личен развој, со текот на времето тоа малку ќе стане многу.
Лесно се демотивираме кога ќе си поставиме премногу високи цели. Затоа мислам дека следниот цитат е екстремно мотивирачки и објаснува многу.
“Секој ден однеси корпа со земја на истата локација и ќе направиш планина.” Конфучие
Преголемите залаци се демотивирачки. Попрво ќе се задавиме од нив отколку да истраеме. Малку по малку, со тек на време станува многу.
Приказната за Беп, чистачот на улици, од убавата книга Момо е можеби најдобрата илустрација на моќта на упорноста и малите чекори.
„Гледаш, Момо – рече, на пример, еднаш – вака стоја работите: понекогаш пред човекот има многу долга улица. Тој мисли дека таа е ужасно долга; мисли дека никогаш нема да излезе на крај со неа.
За момент се загледа пред себе, а потоа продолжи: И потоа почнува да брза. Работи се побрзо. Но, кога ќе погледне, гледа дека му останало скоро исто толку колку и претходно. Почнува уште повеќе да се напрега, го обзема страв и на крајот целосно останува без здив и не може повеќе. А улицата е сеуште пред него. Така не смее да се работи.
Некое време се замисли, а потоа продолжи: Човекот никогаш не треба да мисли на целата улица одеднаш, знаеш? Тој мора да мисли само на следниот чекор, следниот здив, следниот замав со метлата. И секогаш само на следниот.
Повторно застана и размисли, па додаде: Тогаш тоа е задоволство, тоа е важно, тогаш човекот добро ја обавува својата работа. И така треба да биде.
И повторно, по долга пауза тој продолжи: Одеднаш гледа дека, чекор по чекор, ја исчистил целата улица. Тој дури и не се забележал како, ниту пак останал без здив.“
Свеста за она што сте направиле досега, исто така, може да помогне во одржување на вашата мотивација. Многу луѓе се обесхрабруваат сами така што гледаат во крајната целта и се свесни само за сите работи кои се уште не се постигнати, а ги забораваат чекорите и успесите кои се зад нив. Водењето на дневник помага многу. Кога ќе почувствувате дека тапкате во место и не сте стигнале нигде во својот личен развој, ќе имате “црно на бело” од каде сте почнале и што имате постигнато.
Корисно е и да ги ревидирате вашите очекувања за она што претставува успех за вас и колку брзо “треба” да го постигнете. Личниот развој е процес, а ако сакате да постигнете трајни и темелни резултати водете се по изреката дека “што е брзо кратко трае”
Личниот развој не е револуција. Понеделникот во кој ќе се разбудите поинакви, повеќе мотивирани, повеќе подготвени да се промените никогаш нема да се случи.
Личниот развој е еволуција, секој ден по еден мал, многу мал чекор, и со тек на време ќе дојдете до промената кон која се стремите.
Посетувањето на предавања и работилници помага многу. На такви места, имате можност да сретнете луѓе кои се на истото патување како вие, да слушнете и да научите многу корисни работи, и да сфатите дека не сте само вие загрижени за својот внатрешен живот. Тоа релаксира и олеснува, но, исто така, и мотивира.
Не помалку важна е и индивидуалната работа со психолог или психотерапевт. Некои работи кои можеби можете и сами да ги решите, ќе ги решите многу побрзо и полесно ако имате покрај вас некој кој има знаење и искуство во областа на личен развој. И без оглед на вашата интелигенција, искуство и мудрост, секогаш некој однадвор подобро ќе види “каде запнало” и ќе ви даде насоки за понатаму. На овој начин заштедувате и време и енергија. Контактирање со професионалец за поддршка не е знак на слабост, туку на мудрост.
На мојот профил на Фејсбук го објавив овој текст и бев пријатно изненадена од интересот.
Се надевам дека ќе ви биде корисен и Ве поканувам да ги пренесете во коментарите Вашите искуства со личен развој.
Кои се најчестите пречки со кои ќе се сретнете и како се мотивирате да истраете?

 

 

Јелена Пантиќ е диjelena-pantic-750x410пломиран психолог, во моментов на докторски студии на Филозофскиот Факултет во Белград. Повеќе од 10 години се бави со емоционална интелигенција, позитивна психологија, психологија на среќа и благосостојба и љубовни врски. Текстот е превземен од нејзината веб страна.

Be the first to comment on "Како да се мотивирам да работам на себе и како да ја одржам таа мотивација"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*