РепортерКа – „Батали“ листа

reporterka

Текстот на Томас за Хафингтон Пост ме поттикна да размислам дали можеби е во право. Се трудиме да направиме Новогодишни резолуции, роденденски листи и слични други листи на кои ги набројуваме работите кои сакаме да ги направиме за да ни биде подобро и се разочаруваме кога нема да ги реализираме. Можеби е полесно да се обидеме да направиме листа на работи кои ќе ги „оде*еме“, „баталиме“ или „да престанеме да ги правиме“ за да си го разубавиме животот.

„Да се потсетите себеси дека ќе умрете е најдобар начин што го знам за да се избегне стапицата на размислувањето дека имате што да изгубите. Веќе сте голи. Нема причина да не го следите своето срце.” – Стив Џобс

Ова мало потсетување од Стив Џобс ме тера да мислам дека е време да ги отфрлам сите работи кои ме кочат и да почнам да ги правам оние кои ме прават среќна. Но за да си направам време за работите кои ме исполнуваат решив прво да ја направам мојата „батали“ листа:

  • пцуење како кочијаш
  • угодување на сите што ги знам
  • дружба со негативни луѓе или луѓе што ме исцрпуваат
  • пушење
  • ригорозни диети
  • откажување од идеа само заради негативен коментар од некој
  • правење се сама
  • искачање на места во кои не ми се оди
  • ставање на секоја слика и настан на социјални мрежи
  • пребрзо или прелесно откажување од некој план
  • ставање на моите желби и соништа во втор план
  • претпоставување што некој мисли, наместо да го/ја прашам
  • садење цвеќиња
  • излежавање пред телевизор
  • преќутување заради различни причини
  • премногу анализирање, наместо носење одлуки
  • слушање луѓе кои ме обесхрабруваат, а за кои не сум сигурна дека се добронамерни
  • прескокнување летен одмор
  • правење работи што не ги сакам, заради други
  • избегнување љубовни авантури
  • осмислување на секој миг
  • нервирање заради други
  • седење дома на сончев ден

Која е твојата „батали“ листа? Знаеш ли кои работи треба да ги избегнуваш за да бидеш посреќен/на?

Be the first to comment on "РепортерКа – „Батали“ листа"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*