РепортерКа – Сексистичка вербална навреда

reporterka

Во 2015 Португалија ја прогласи вербалната сексуална злоупотреба за кривично дело. Според Equaltimes целата приказна започнува со Адриана Лопера, медицинска сестра, која сакајќи да докаже дека вербалната злоупотреба е исто така проблем, на една конференција застанува на влезот од салата и им дофрла сексистички коментари на гостите додека пристигнуваат на конференцијата. Навредите кои таа ги искажувала на конференцијата се само дел од оние кои жените секојдневно ги добиваат на улица „Би ти правел ова или она“, „Да ти дадам вака или така“, „Покажи ми го ова или она“ и слично. Нејзините коментари предизвикале огромно внимание во јавноста во Португалија, како и многубројни дебати кои резултирале со измена на Кривичниот закон.

“Секој кој малтретира друго лице, обавува пред друг/a активности од егзибиционистички карактер, формулира предлози од сексуална природа или ја засрамува со контакт од сексуална природа, се казнува со казна затвор од една година, или парична казна од 120 евра, доколку делото не е казниво со посериозна казна во било која друга законска одредба, “се вели во новиот текст на член 170 од Кривичниот законик.

И други земји имаат преземено слични мерки. Белгија ги забрани сексистичките навреди во 2014, а Перу воведе 12 години затворска казна за улично малтретирање.

За жал вербалната злоупотреба сеуште не е тема во Македонија, иако често им се случува на жените, посебно на младите девојки додека одат по улица. Некогаш се прашувам дали и самите жени разликуваат сексистички коментар кога ќе добијат таков. Затоа треба да размислиме за начините на едукација, укажување на проблемот, па дури можеби и воведување на казнени мерки ако нема друг начин.

Be the first to comment on "РепортерКа – Сексистичка вербална навреда"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*