Александра Саша Симовиќ – Сончевата страна на животот

Sasha 2

Александра Саша Симовиќ има 33 години, родена е во Краљево и веќе има 13 операции на рбетниот столб позади себе. И покрај огромниот број денови поминати во болница, таа е денес успешна Менаџерка за односи со јавност, има своја страница и youtube канал.

Еднакви.мк: Основач сте на страната „Сончевата страна на животот“, а сега веќе имате и you tube канал. Што Ве поттикна да почнете да ги делите своите размислувања со другите?

Александра Саша Симовиќ: Додека растев и созревав многу луѓе околу мене ми велеа дека сум храбра и силна. А јас понекогаш ги гледав зачудено, бидејќи тоа што за нив беше храбро, за мене беше единствена опција. Можев да се скријам дома и да тагувам над својата судбина или со крената глава да го живеам животот најдобро што можам. Го избрав второво.

Донесов одлука да ја раскажам мојата приказна кога ги видов реакциите на луѓето после моето интервју за bg online. Многу луѓе ми пишаа дека им значи мојата приказна и дека им помага денот да им биде поубав кога ќе прочитаат нешто што ќе напишам.

Така започнав да пишувам колумна за bg online и ја основав мојата страница „Сончевата страна на животот“. Сакам со својот пример да им покажам на луѓето дека и тие можат да живеат на сончевата страна, ако така одлучат. Животот ни дава многу убави можности. Исто така има и многу искушенија, кога ни се чини дека нема излез, но тогаш е важно да се биде силен и да се види сонцето низ облаците. Сакам луѓето да се засакаат себеси и да се здобијат со сила да го видат сонцето низ облаците кои поминуваат. You tube каналот настана спонтано, сакав луѓето да можат да ја доживеат мојата емоција додека зборувам за нешто, бидејќи говорам од срце и со јазик кој секој може да го разбере. Некој претпочита да ја прочита колумната, некој ќе ги гледа видео материјалите, милев и на луѓето кои не можат да гледаат или да го прочитаат мојот текст, за нив се наменети видеате, за да можат да го слушнат мојот глас.

Еднакви.мк: Имате 13 ожилоци на грбот, кои често ги нарекувате своите 13 победи и златни медали. Раскажете ни ја својата животна приказна.

Александра Саша Симовиќ: Првата операција ја имав 18 дена после раѓањето, после што имав исчашување на колковите и спазматични стопала. Околу петтата година кичмата почна нагло да ми се искривува, лекарите тоа го нарекуваат прогресивна сколиоза. Од 6тата до 15тата година ги имав останатите 12 операции. Воглавно по две операции годишно, носење гипсани мидери и лежење во кревет од месец до тримесеци. Сепак бев насмеана и немирна и покрај сите физички бариери. Скијав, се возев на ролер костер, одев на рекреативна настава. Живеев живот на здраво дете, колку што беше тоа можно, благодарение на моите родители и учителката Ханка Бојовиќ.

Еднакви.мк: Кои беа Вашите најголеми стравови и како ги Sashaнадминавте?

Александра Саша Симовиќ: Дека луѓето нема да ме сакаат ваква каква што сум и дека нема да успеам да се прифатам себеси со ожилци. Сето тоа одеше некако спонтано, бев тоа што сум, насмеана, ведра и полна со живот. Луѓето ја гледаа мојата насмевка, а не мојот од. Пријателите ме сакаа заради мојата душа и добрата енергија.

А ожилоците си ги прифатив дури пред 3-4 години. Сакав да и помогнам на ќерката на една моја пријателка, која имаше 13 години, сообраќајна несреќа која и ја уништи ногата и која не сакаше на се бања во костим за капење, туку седеше на плажа во пантолони. Еден дена ја викнав да одиме порано на плажа за да фатиме лежалки за сите, а всушност имав план. Облеков дводелен костим за капење и ја викнав да влезе во вода со мене. Ме гледаше збунто, бидејќи дотогаш носев само едноделен костим, какви што носат пливачките. Го прифати мојот повик, се соблече по костим за капење и заедно победивме тој ден.

Кога имаш 13 години и имаш некој видлив здравствен проблем, повеќе те болат погледите од луѓето и тоа ти прави несигурност. Некогаш луѓето те гледаат од љубопитност, а некогаш од подсмев. Која и да е причината, не е пријатно и тоа создава страшна несигурност.

Еднакви.мк: Што или кој Ви беше најголем поттик?

Александра Саша Симовиќ: Родителите дефинитивно ми беа најголема поддршка. Сакам да се победувам себеси и секогаш си поставувам нови цели. Голем предизвик ми е да ги поместувам границите на моите можности. Го сакам животот и го живеам со полни плуќа.

Еднакви.мк: Што би им порачале на младите девојки?

Александра Саша Симовиќ: Не постојат граници, освен оние кои сами ќе си ги поставиме. Потрудете се да бидете свои, автентични, не трчајте да бидете нечии копии. Многу има дупликати, бидете единствени. Секој од нас е посебен на свој начин. Гледајте ги доблестите на другите, потрудете се да не критикувате луѓе, туку бидете им ветар во грб за да бидат подобри луѓе.

Не оговарајте, бидејќи со тоа ја трошите својата енергија и зборувајќи лошо за другите, всушност зборуваме за себе. Верувајте во љубовта и бидете љубов. Љубовта движи се, го движи светот.

Бидете среќни, среќата е прашање на избор.

 

 

Be the first to comment on "Александра Саша Симовиќ – Сончевата страна на животот"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*