Конвенција на Обединети Нации за елиминација на дискриминација на жени

08328135f3d1967c

Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените е усвоена од Генералното собрание на Обединетите нации во 1979 година.  Често опишувана како меѓународен закон за правата на жените, оваа Конвенција го дефинира значењето на дискриминацијата врз жените и утврдува правни обврски за земјите- членки да стават крај на таа дискриминација. На 6 март, 2003 година, 171 земја беше членка на Конвенцијата со тоа обврзувајќи се да ја оствари еднаквоста меѓу мажите и жените преку обезбедување еднакви можности на сите полиња, политичкото, граѓанското, економското, социјалното или културното, како и во семејниот живот. Тие земји, исто така се обврзаа да известуваат до Комитетот за елиминација на дискриминацијата врз жените за преземените чекори за исполнување на своите обврски.

ОН Конвенција за елиминација на дискриминација на жени

Врз основа на Конвенцијата направен е и Прирачник кој има цел да ги запознае мажите и жените пратеници со Конвенцијата и нејзиниот Протокол. Тој ги пренесува заднината и содржината на Конвенцијата и Факултативниот протокол. Ја опишува улогата на Комитетот за елиминација на дискриминацијата врз жените, договорно тело воспоставено со Конвенцијата за да обезбеди имплементација на национално ниво. Прирачников се фокусира и врз тоа што може да направат пратениците за да обезбедат ефективна имплементација на Конвенцијата и да поттикнат употреба на Протоколот. Тој сака да ги охрабри парламентарците да преземат мерки со кои ќе се осигура националните закони, политики, акции, програми и буџети да ги одразуваат принципите и обврските во Конвенцијата.

Be the first to comment on "Конвенција на Обединети Нации за елиминација на дискриминација на жени"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*