Различни аршини за мажи и жени во политика

women-men-equal

Третманот на жените во политиката очигледно никако да го достигне потребното ниво. И понатаму наместо да се оценува нивната способност за извршување на функцијата за која се избрани и да се анализираат нивните говори и дебати, се продолжува со анализирање на нивниот изглед.

Во 2011 весникот Вест организираше анкета за избор на најсекси пратеничка во Македонското Собрание, а денес Јутарњи Лист им прави анализа на Хрватските пратенички која како се облекува. Се разбира вакви прилози скоро никогаш не се прават за мажите во политика, без оглед дали се во одело или во спортска гардероба.

Во 2011 година Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија реагираше на третманот на пратеничките, да се надеваме дека 5 години подоцна жените во Хрватска нема да го остават ваквото пишување без реакции.

„Текстот за (не)вкусното облекување на Парламентарните претставнички во денешниот Јутарњи е скандалозен“-смета karolinaпоранешната пратеничка Каролина Леаковиќ и актуелна членка на Меѓународниот Одбор на Мрежата за родова рамноправност во Централна и Источна Европа (CEE Gender Network). „Најистакнатите политичарки во Хрватска редовно се гледаат како објекти, а не како луѓе кои имаат моќ и кои би требало да се оценуваат врз основа на нивните постигнувања, поеднакво како мажите, кои пак во моментов претставуваат 80% од Хрватскиот Парламент. Всушност тој факт на малата застапеност на жените во Парламентот воопшто не се проблематизира, туку во фокус се ставаат сексипилот, привлечноста и модниот (не)вкус на малиот број на пратенички, дискриминирајќи ги на тој начин. Се додека медиумите на овој срамен, мизоген начин се пресметуваат со малубројните жени во политиката, никогаш нема да се постигне еднаквост во Хрватското општество“ – смета Леаковиќ.

Be the first to comment on "Различни аршини за мажи и жени во политика"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*