Катерина Ангеловска – тренер за личен развој

kate

Катерина Ангеловска е истражувач, авантуриста, човек кој верува во претвaрање на идеите во реалност, со отворен ум, прв сертифициран тренер за принципи за успех по методот на Џек Кенфилд на Балканот, тренер за личен развој, мотивациски говорник и креатор на Успех без граници

Еднакви.мк: Вие имате интересна животна приказна. Сигурно работно место заменивте со несигурноста на водење приватен бизнис, станувајќи притоа прв сертифициран тренер во Македонија по методата на Џек Кенфилд. Што Ве мотивираше да се решите на таков чекор и какви се предизвиците со кои се соочувате?

Катерина Ангеловска: Пред да ја пронајдам мојата мисија, мислев дека знам што сакам и зошто ги правам работите. Но, секогаш постоеше двоумење дали е тоа во кое јас вистински верувам, уживам и сакам да го правам. Така и започна моето патување за себе развој во потрага по вистината, и тоа не било која вистина, туку мојата лична вистина.

И за време на ова патување научив една работа дека животот е повеќе од исклучителен и возбудлив. Ние сме креаторите на нашата судбина и сè е онака како што треба да биде.

Во секој од нас постои семе од “јас” за тоа кои сме требале да постанеме. За жал, за време на нашето растење длабоко во себе го имаме закопано ова семе како резултат на нашите родители, учители, професори, и други личности кои биле дел од нашето секојдневие, личности кои биле наши идоли. За миг сетете се колку пати во животот сме ги слушале овие изјави: “Не е тоа за тебе! Таа професија не носи пари! Не можеш да добиеш се што сакаш! Не биди себичен(на)! Не го прави тоа! Парите не растат на дрво! Не, не, не, не, не…..!”

После слушање на вакви изјави низ годините, повеќето од нас го губат чувството за потребите на нашето тело и копнежот во нашите срца, и се чувствуваат заглавено да сватат што е тоа што сакаат да го прават. Правиме работи кои не сакаме да ги правиме, учиме како да се однесуваме и како да го добиеме оправдувањето на нашите блиски.

Стануваме тапи за нашите копнежи во име на разумноста. А копнежот е во основата на создавањето, креаторот, мотивирачката сила која не смее да биде поттисната, зашто копнежот е тој кој може да ја придвижи креацијата.

Така и се одлучив да направам исчекор во мојот живот, во име на мојот копнеж. Да излезам од комфорот како вработена во финансиска институција, која ми даваше навидум сигурна егзистенција и да се одлучам да го правам тоа што ми дава радост, љубов, среќа и задоволство. Како што постои несигурност во водењето приватен бизнис, така и не постои сигурно работно место.

Но, постои една друга сигурна работа: Кога точно знаеш што сакаш, кога ќе го побараш тоа што го сакаш од каталогот на Универзумот, веруваш во тоа и знаеш дека ќе го добиеш, Законот на привлечност ќе направи се што е потребно да се оствари. А мене Универзумот ми го испорача неверојатното учење и личното менторство на Џек Кенфилд и 67-те принципи за успех Џек Кенфилд и 67-те принципи за успех

Инспирирана и мотивирана од ова учење знаев дека е потребно да направам нешто, кое нема да биде лично само за мене, туку ќе биде добро и за другите и за околината.

Сето ова ме поттикна да ја креирам програмата Успех без граници која е базирана според методологијата на Џек Кенфилд. Успех без граници претставува филозофија на современото живеење, каде секој поединец е помогнат и подржан во неговото достигнување на сопствената извноредност.

Предизвикот да се започне нешто ново беше огромен. Особено што живееме во земја каде луѓето сеуште не се целосно отворени да ја прифатат идејата за личен развој. Луѓето свесно очекуваат дека системот е тој што треба да им помогне, системот ќе го направи нивниот живот подобар, системот ќе ги вработи, системот ќе им даде спокојство и мир. Но дали е тоа така?!?

Живееме во време на високо развиена дигитална ера, кога сè е достапно, а денеска светот како никогаш до сега се соочува со нетолеранција, непочитување, нееднаквост, моќ над другиот, владеење на неколкумина,  и сето тоа резултира со предизивици кои ја наметнуваат потребата да се направи промена. Но, дали секогаш ја бараме промената таму каде што очекуваме да ја најдеме? Можеби првиот чекор за нашата трајна промена и мирот околу нас започнува со гледање во нас самите, и тогаш кога не е лесно да се направи тоа.

Фундаментот на живеење во хармонија е да превземеме одговорност за сопствениот живот.

Еднакви.мк: Што всушност претставува методата на Џек Кенфилд?

Катерина Ангеловска: Методологијата на Џек Кенфилд е водич за лична и планетарна трансформација.

Џек Кенфилд е познат како Американски број 1 најдобар Коуч за успех, според Time Magazine неколку пати прогласуван за нај продаван автор и “феномен на деценијата по објавување на книги”, основач и претседател на The Canfield Training Group во Санта Барбара, Калифорнија.

Неговата докажана формула за успех достигна глобални признанија со неговиот последен национален бестселер “Принципи за успех: Како да стигнеш од таму каде што си, до таму каде што сакаш да бидеш” (во оригинал – The Success Principles: How to Get From Where You Are to Where You Want to Be)  Овој нов стандард на личен развој содржи 67 моќни принципи за успех користени од страна на врвни достигнувачи во сите области.

Во Република Македонија Џек Кенфилд е познат по неговиот прв најголем бестселер Пилешка супа за душата (Chicken Soup for the Soul) и преку популарната книга и филм Тајна (The Secret).

Целата програма е базирана на холистички модел на раст и развој, а тоа вклучува: ум, имагинација, емоција, тело, интуиција, волја, свесност и спиритуална димензија. Начелата се дизајнирани со цел да ни помогнат да стапиме во контакт со себеси, да живееме во согласност со сопствените вредности и да станеме најдобра верзија од себе. Без разлика која е вашата цел, дали сакате да ја подобрите комуникацијата со себе или со другите луѓе, да изгубите килограми, да бидете добар родител, најдобар продавач во вашата компанијата, да го откриете вашиот копнеж, да бидете најдобар спортиста, да ја зголемите самодовербата, да се соочите со вашите стравови, да купите куќа од соништата или да направите милион евра – оваа методологија ќе ви помогне да развиете јасен, сопствен план на акција кој ќе го трансформира вашиот живот така како што сакате. Формата на содржината е прилагодена за млади и возрасни, жени и мажи, со академско образование или без, прилагодена е за сите кои сакаат да искреираат живот каков што сакаат, како приватно така и професионално. Со оваа методологија вие ќе откриете како да стигнете од таму каде што сте, таму каде што сакате да бидете. И за време на ова патување да уживате и да се чуствувате одлично.

Многу луѓе го имаат постигнато тоа и јас сум една од нив. Нема друго место на кое би сакала да бидам во моментов. Постојат 7 милијарди луѓе на планетава и секој стреми да има подобар живот.

Еднакви.мк: На 9ти април подготвувате работилница „Биди најдобра верзија од себе“. Што ќе добијат учесниците на таа работилница?

kate1Катерина Ангеловска: Да, на 9-ти април во сабота во Public Room со почеток од 09:30 до 15:00 часот ќе се одржи работилница “Биди најдобра верзија од себе”.

Да се биде најдобра верзија од себе значи да се прифатиме себеси и да превземеме одговорност за нашиот живот и резултатит кои ги добиваме. И во процесот да ги откриеме неограничените можности кои не чекаат. Ова е фундаментот во креирањето на живот кој го сакаме. Не е важно каква е вашата моментална состојба, важно е дека вие можете да ја промените.

Оваа работилница е прва во серија на уште две последователни работилници, кои учесниците после учеството на оваа, ќе одлучат дали ќе продолжат да ги посетуваат останатите две. Овие работилници се предвидени да се одржуваат еднаш месечно во рок од три месеци. По завршување на серијата од три работилници, учесниците ќе се здобијат со сертификат за присуство на програмата Успех без граници – Биди најдобра верзија од себе.

Темите на кои ќе се работи за време на работилниците ќе ве однесат на едно ново ниво на размислување и разбирање на себеси и на својот живот, како и на другите.

Ќе се здобиете со техники, алатки и насоки како да живеете автентичен и исполнет живот. Ќе започнете да го менувате однесувањето кон настаните кои ви се случуваат, со тоа и ќе почнете да го добивате тоа што го сакате. Ќе започнете да ги менувате ограничувачките вредности и верувања. Ќе бидете инспирирани, мотивирани и ќе добиете поттик за нова креација. Ќе добиете идеја за нова стратегија и план кои ќе ви отворат нови перспективи.

Ќе добиете пристап до неограничените потенцијали да бидете најдобра верзија од себе.

Пријавете се и резервирајте го своето место bit.ly/1JkFLHe

Еднакви.мк: Што би им порачале на младите жени?

Катерина Ангеловска: Им порачувам да ја прифатат големината која ја носат во себе. Да знаат дека тие ја имаат моќта да искреираат живот каков што сакаат, без ограничувања. Единствени ограничувања постојат само во нашиот ум. Да знаат дека успехот не значи што имаш, успехот значи како се чувствуваш. Како се чувствуваш тука и сега, чувството на љубов, на радост, на среќа, на слобода, спокојство и мир, чувството на нашата поврзаност со сè постоењето.

Им порачувам да бидат најдобра верзија од себе.

Да знаат дека постојаното учење и работата на себе е најдобриот начин да останеме вечно млади и да имаме здрав и креативен дух.

Ослободете се од одвлекувачите на внимание, одлучете што сакате и фокусирајте се на вашите соништа и цели. И нека животот од вашите соништа стане реалност, затоа што вие тоа го можете, вие тоа го заслужувате!

Be the first to comment on "Катерина Ангеловска – тренер за личен развој"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*