Јасмина Димовска – основачка и сопственичка на Бела Сензација

jasmina

Професионалната определба ги содржи сите елементи на убавото, романтичното и среќното. Таа е професионален организатор на свадби и други свечености и  нејзиниот свет е обоен со сите бои на цвеќињата. Почитувајќи ја институцијата семејство,со посебна радост,низ формите и боите на сите елементи кои го одбележуваат незаборавниот свадбен миг се радува на секој нов почеток на заедничко живеење.

Нејзините цврсти ставови за еднаквост меѓу половите безрезервно и остро ги застапува како член на извршната власт во Либералната партија повеќе од 20 години. Со активностите во политичкото делување става посебен акцент дека треба се искористи мудроста, толерантноста, разбирањето и духовна ширина на жената и потврдува дека жените не се само декор во политиката, туку активен чинител и двигател на големи политички, општествени и социјални движења.

Јасмина Димовска е горда мајка  на две ќерки, Емилија – дипломиран стоматолог и Моника – студент на Машинскиот факултет во Скопје, кои се поттик и потпора во сите нејзини активности.

Еднакви.мк: Вие ја основавте и ја раководите Бела Сензација-Ателје за свадбени декорации, компанија за организирање на свадби и други свечености. Што точно нуди вашата компанија на клиентите?

Јасмина Димовска: Моето хоби, стана моја професија, во 2002год. ја основав Бела сензација. Во тоа време во Македонија бевме само неколку компании од таков тип…требаше време за да се прифатат ваквите понуди на пазарот. Ние нудевме комплетна организација на настанот, а тоа го нудиме и сега. Поточно комплетно растеретување од напорните обврски околу декорирање на еден настан (веридба, венчавка,крштевка, роденден, прослава на годишнина од постоење на некоја компанија, итн.). Ние ги преземаме сите обврски околу уредување на просторот, негово украсување, распоредување, изработка на покани, бонбони, цветни аранжмани,кетеринг и декорација во домовите на нашите клиенти,посредуваме со фотостудијата,музиката и рестораните,а со тоа им овозможуваме на нашите клиенти повластени цени.

Еднакви.мк: Што Ви беше најголемиот поттик да започнете сопствен бизнис и колку беше тешко да се донесе таква одлука?

Јасмина Димовска: Секако, семејството беше мојот поттик, меѓутоа и без моите пријатели на кои сум многу благодарна и горда, мојата идеја ке немаше реализација. Несигурноста постои се до моментот на позитивната реакција на клиентите
чии очекувања сум ги исполнила.  Секогаш дополнителен мотив ми е задоволството и воодушевувањето на моите клиенти.

Еднакви.мк: Дали имавте (имате) моменти на колебање и пречки и како се справувате со нив?

Јасмина Димовска: Со колебањето расчистив кога ја донесов одлуката за основањето на компанијата. Морав да се насочам кон реализирање на идејата и да ги прескокнувам препреките кои ми се појавуваа по патот на кој тргнав. Сега кога тоа веке го работам професионално,нема простор за колебање и пречки.

Еднакви.мк: Кои се најголемоите предизвици со кои се соочувате и како се справувате со тие предизвици?

Јасмина Димовска: Секоја декорација, секоја свадба, секој настан е нов предизвик. Секој сака нешто уникатно, секој сака неговиот нjasmina 2астан да биде посебен, од таа причина секогаш треба да сте во тек со новитетите, а најважното нешто е да се прилагодите на нашите стандарди. Предизвик е и да понудиш на нашиот пазар
нешто ново и истото да биде прифатено. Предизвик е да се долови магичноста и да се задоволи сечиј вкус.

Еднакви.мк: Што би им порачале на младите жени?

Јасмина Димовска: Со оглед на тоа дека сум мајка на две девојки, а и поборник за правата на жените, гордо изјавувам дека поинаку ги воспитавме нашите керки, за разлика од нас. Младите жени последниве години многу похрабро настапуваат, немаат предрасуди кои на нас ни ги наметнуваа, некогаш родителите, а почесто општеството.

На младите жени им порачувам да ја продолжат борбата која ја започнаа жените пред нас многу генерации, ние продолживме, меѓутоа не е доволно, имаме уште многу пат да изодиме додека се наметнеме на сите полиња .

40% не доволно, и не само како бројка, туку и застапеност во сите пори во општетвото, ние докажавме дека можеме да бидеме успешни политичарки, доктори на науки, раководители на фирми, сопственицки на претпријатија мали, средни и големи и најважно од се мајки.

Be the first to comment on "Јасмина Димовска – основачка и сопственичка на Бела Сензација"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*