Родовиот и мајчинскиот јаз во платите во Македонија: економетриска анализа

ILO

Меѓународната организација на трудот изработи извештај кој ги проценува и ги анализира родовиот и мајчинскиот јаз во платите во Македонија. Извештајот се заснова врз методологијата што беше развиена во работниот документ на МОТ – Мајчинскиот јаз во платите: Преглед на прашањата, теоријата и меѓународните докази (The motherhood pay gap: A review of the issues, theory and international evidence (Grimshaw and Rubery, 2015). Мајчинскиот јаз во платите го мери јазот во платите меѓу мајките и жените што не се мајки. Тој го мери, исто така, јазот во платите меѓу мајките и татковците. Ова е различно од родовиот јаз во платите, што го мери јазот во платите меѓу сите жени и мажи во работната сила (Grimshaw и Rubery, 2015).
Резултатите за Република Македонија сугерираат дека жените добиваат плати што помали за околу 18-19% од платата на мажите. Изненадувачки, студијата открива дека мајките (дефинирани како жени на возраст од 25 до 45 години, со дете на возраст до 6 години) биле еднакво платени како жените што не се мајки (или мајките со деца постари од шест години) во 2011 година, и дека тие заработувале 6% повеќе од жените што немаат деца на возраст под шест години во 2014 година. Резултатите сугерираат, исто така, дека мајките се платени 7,8% помалку од татковците. Во периодот меѓу 2011 и 2014 година, родовиот јаз во платите се намалил само кај најниско платените работни места на жените и мажите, што упатува на тоа дека воведувањето на минималната плата можеби придонело кон намалување на родовиот јаз во платите.

Целиот извештај можете да го погледнете тука

Be the first to comment on "Родовиот и мајчинскиот јаз во платите во Македонија: економетриска анализа"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*