Бремена жена доби судски спор против фирма што ѝ дала отказ

mladi pravnici

Македонско здружение на млади правници информира дека за првпат во Македонија судот пресуди во корист на бремена жена која добила отказ откако на работодавецот му соопштила дека очекува дете.

Имено тие информираат  дека Основниот суд Скопје II Скопје, на 03.03.2016 година донесе пресуда со која утвдри дискриминација и нееднаков третман по основ на личен статус, семејна и брачна состојба односно бременост со прекинување на работниот однос. Во конкретниот случај на тужителката, откако останала бремена, тужениот не го продолжил договорот за работа на определено време и донел решение за престанок на работниот однос. Судот утврдил дека тужениот имал однесување кај кое постои намера да се дискриминира тужителката поради бременоста. Според судот доколку тужителката не била бремена, со неа тужениот, како и претходно  ќе склучел Анекс договор за вработување и таа се уште би била во работен однос кај тужениот.

Ваквата одлука на судот е од особено значење бидејќи за прв пат во Република Македонија е утврдена дискриминација по основ на бременост, како и поради фактот што во последната година во МЗМП беа пријавени поголем број на случаи на бремени жени кои откако го известиле работодавецот за својата состојба, не им бил продолжен договорот склучен на определено работно време. Судот определил надомест на нематеријална штета.

Судот во пресудата се повикува на член 14 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи,  Протоколот 12 кон Конвенцијата и Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Постапката ја поддржа МЗМП во рамки на проектот „Заштита на човековите права на маргинализираните групи во Република Македонија“. Постапката ја води Адвокат Софија Бојковска од Скопје.

Be the first to comment on "Бремена жена доби судски спор против фирма што ѝ дала отказ"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*