РепортерКа – 9 работи што треба да ги направите за да бидете посреќни

reporterka

Сите ние правиме работи кои ни го трошат непотребно времето и не ни дозволуваат да бидеме среќни. Еве 9 предлози што треба веднаш да направите за да си го подобрите животот.

  1. Не се нервирајте поради грешки од минатото.  Тие грешки веќе се направени и не можете да ги смените. Научете нешто од нив за во иднина ако можете, но не губете време размислувајќи што би било да не сте направеле така. Тоа е веќе завршено.
  2. Не се грижете за иднината.  Колку и да се трудите не можете да ја испланирате иднината во детали. Добро е да имате планови, но животот секогаш ќе ве изненади. Затоа фокусирајте се на тоа што можете денес да го направите, не губејќи време грижејќи се „што би било, кога би било“.
  3. Избегнувајте ги негативните луѓе. Тоа се оние луѓе кои се секогаш од нешто незадоволни и со кои никогаш не можете да најдете позитивна тема за разговор. Најдобро би било ако можете комплетно да ги исклучите од вашиот живот, но доколку не можете, обидувајте се да ги избегнете или барем да ги среќавате во друштво заедно со уште некој.
  4. Не се трудете да им се допаднете на сите. Колку и да се обидувате не може на сите да им се допаднете. Секогаш правете го тоа што е добро за вас, бидејќи на тој начин ќе се опкружите со луѓе што навистина ви мислат добро и од кои ќе имате поддршка. Се разбира тоа не значи целосно да ги запоставите основните културни манири.
  5. Не се сожалувајте себеси.  Во себе имате енергија за да ја надминете секоја пречка доколку не губите време сожалувајќи се себеси. Во тешки моменти сетете се на проблемите кои веќе ги имате надминато и ќе сватите дека можете да поминете се. Имајте на ум дека и самосоалувањето е ваш избор.
  6. Најдете бар малку време за работите кои ги сакате.  Во текот на денот секогаш можете да издвоите бар еден час за себе и правење на некоја работа која ве прави среќни. Не е битно колку е мала работата и дали станува збор за омилен сладолед, кафе со пријателката или трчање на кеј. Што и да е, секогаш можете да најдете време во денот.
  7. Најдете време да пробате нешто ново.  Сите имаме работи кои секогаш ни делувале интересни, но не сме нашле време да се обидеме. Без оглед дали е учење нов јазик или качување на карпа, со добар распоред на обврските можете да научите нешто ново.
  8. Не живејте во минатото.  Потсетете се од време на време на минатото, разгледајте ги старите фотографии, потсетете се на убавите спомени, но немојте да живеете во минатото. Тоа е завршено и никако не ве дефинира, можете да бидете каков сакате човек, кога сакате.
  9. Споделувајте. Без оглед дали се работи за гушкање на личност што ви е драга или донирање нешто на некој на кој му е потребно, секогаш најдете можност да споделите радост со некој.

Be the first to comment on "РепортерКа – 9 работи што треба да ги направите за да бидете посреќни"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*