Бесплатни обуки за компјутерски програми за невработени

sedc

Една од основните работи потребни за во биографија при аплицирање за работа е познавање на компјутерски вештини.

Seavus Education and Development Center, во рамки на проект на Агенција за вработување на Република Македонија организира бесплатни обуки за  MS Word, Excel, PowerPoint, Accesss и Outlook во повеќе градови низ Македонија. На обуките можат да учествуваат невработени лица, регистрирани во АВРМ, на возраст до 29 години.

Обуките ќе бидат организирани со цел да им помогнат на невработените лица да се стекнат со општи вештини кои ќе им помогнат да ги подобрат своите компетенции и полесно да се вклучат на пазарот на трудот.

Заинтересираните невработени лица можат да ги достават своите Апликации за учество во една обука по циклус, во АВРМ и 30-те Локални Центри за Вработување низ целата на држава, секој работен ден од 8:30 до 16:30. Проектот „Поддршка за вработување на млади лица, долгорочно невработени и жени (II)“ е финансиран во рамките на Оперативната програма за ‘Развој на човечки ресурси 2007-2013’ (ИПА Компонента IV).

Be the first to comment on "Бесплатни обуки за компјутерски програми за невработени"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*