Тркалезна маса – Жените на пазарот на труд: Стереотипи и предизвици

financethink

Денес, во организација на Finance Think, се одржа дискусија на тема „Жените на пазарот на труд: стереотипи и предизвици“. На дискусијата свои воведни излагања имаа: Благица Петрески (FinanceThink), Доминика Стојановска (UNWomen), Жаклина Гештаковска Алексовска (Проект за Зголемување на пазарната вработливост ИМЕ, Свисконтакт), Санела Шкриељ (Фондација за поддршка на претприемништво на жени и млади ЕГАЛИТЕ) и Марија Башевска (РЕАКТОР-Истражување во акција).

Благица Петрески ги презентираше наодите на Анализата на financethink2работоспособното население според полот. Анализата покажува дека половина од работоспособното машко население е вработено, а речиси една третина е неактивно. Состојбата кај работоспособното женско население е обратна, само една третина од нив се вработени, а повеќе од половина, 55% се неактивни. Главни причини за високата неактивност се лични и семејни причини и грижа за деца. Од вкупно 34.024 лица вработени на менаџерски позиции, само 8.156 се жени. Голема разлика во бројот на вработени според полот, во корист на мажите, има и во занимањата стручни земјоделски работници, воени сили и занимања за неиднустриски начин на работа во производство. Жените „преовладуваат“ само во две професии: службеници и стручњаци и научници.

dominikaДоминика Стојановска го презентираше Извештајот UN Women за Прогресот на жените 2015-2016, укажувајќи на светските статистики. Притоа го истакна значењето на неплатената работа на жените и улогата на таткото во семејството, како и потребата за надминување на стереотипите за постоење на машка и женска професија, развојот на социјалните услуги и потребата женските права како човкови права да се земат во предвид при креирањето на политиките.

Жаклина Гештаковска Алексовска го презентираше Истражувањето спроведено во 10 ИТ компании во Република Македонија, потенцирајќи дека односот на вработени во нив е 70% мажи спроти 30% жени. Истражувањето покажало дека ИТ компаниите се заинтересирани за мотивzaklinaирање на жените да се вклучат во работата давајќи им еднакви услови за работи, но за жал еднаквиот пристап кон нееднаквите е исто толку дискриминирачки како нееднаков пристап кон еднаквите. Исто така, Жаклина Гештаковска Алексовска потенцираше дека истражувањата покажале дека вклучувањето на жените на сите нивоа во компаниите ги води компаниите кон поголем успех на пазарот, без оглед дали користат мешани тимови (во кои има и мажи и жени) кои се покажале како попродуктивни, или пак ги вклучуваат жените во менторирање на нововработени и ги поставуваат на високи менаџерски позиции.

nvoСанела Шкријељ го истакна негативното влијание на тадиционализмот и патријалхализмот во вклучувањето на жените на пазарот на трудот, како и улогата на Институциите во негување на истите. Таа потенцираше дека постојните мерки за економско јакнење на жените се однесуваат на јакнење на жените кое се активни на пазарот на труд, додека ги исклучуваат оние 55% на жени кое се економски неактивни на пазарот на труд.

Марија Башевска истакна дека често неактивноста на жените на пазарот на труд се должи на немањето пристап до социјални услуги (градинки, установи за нега на стари лица и сл.) и поради традиционланите вредности остануваат дома да се грижат за децата и старите лица.reaktor Исто така, потенцираше дека иако Република Македонија има добра законска регулатива во однос на недискриминација сепак таа недоволно се применува и жените се често цел на дискриминација, посебно во однос на нивните планови за засновање на семејство и раѓање деца.

По дискусијата беа доделени првите три награди за конкурсот за цртеж и стрип „Родова и мајчинска економска нееднаквост“.

Be the first to comment on "Тркалезна маса – Жените на пазарот на труд: Стереотипи и предизвици"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*