Тереза Меј, втората жена Премиерка на Велика Британија

Theresa_May_2015

Од 11.07.2016 година бројот на жени Премиерки на држави во светот се зголеми за уште една откако Тереза Меј ја презема премиерската палка на Велика Британија.

tГ-ѓа Мај долго време е најмоќната жена меѓу Конзервативците во британската политика. Таа е една секретарите за внатрешни работи со најдолг стаж во историјата.
Новата премиерка за прв пат беше избрана за пратеничка на Мејденхед во 1997 година, откако претходно не успеа да освои места во Дурам и Баркинг. Пратеничката брзо беше назначена во
кабинетот во сенка на Вилијам Хаг и стана прва жена претседавачка на Конзервативната партија во 2002 година.

Уште на официјалниот почеток на нејзината кампања, Тереза Меј изјави дека “Brexit значи Brexit и ние ќе треба да направиме успех од тоа”. Таа сега ќе мора да се надоврзе на овие тешки зборови со тешки акции, иако најави дека нема да го активира член 50, формалниот процес за напуштање на Европската Унија, до 2017 година.

Приватниот живот настојува да го задржи приватен и многу ретко го коментира. Омажена е за Филип Меј, со кого почнала врска уште за време на студирањето на Оксфорд Универзитетот.  „Мора да ги прифатите картите кои животот ќе ви ги подели“ вели таа кога зборува за фактот дека не може да има деца, а не прави драма ни од тоа дека два пати дневно треба да си инјектира инсулин поради Дијабетесот Тип 1 кој го има.

Be the first to comment on "Тереза Меј, втората жена Премиерка на Велика Британија"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*