Анализа на состојбата на женското претприемништво во Македонија

telefon 245

Здружението на бизнис жени (ЗБЖ/ABW), со седиште во Скопје, во рамки на проектот Состојбата на жените во претприемништвото во РМ “, финансиран преку програмата Цивика мобилитас, започна со истражување за состојбата на жените во претприемништвото во РМво следните општини: Куманово, Битола, Тетово, Кичево, Велес, Струмица, Штип, Дебар,Крушево и град Скопје.

Истражувачите, согласно условите во објавениот огас, се веќе избрани и регрутирани. Под супервизија на проектниот тимлокалните истражувачи добија јасни насоки за начинот на прибирање на податоци, внесување наподатоците и известување за спроведеното. Тие ќе прибираат податоци согласно подготвените прашалници од Здружението на бизнис жени, спроведувајќи теренска анкетасо локално население (жени и девојки претприемнички)

Податоците од ова истражување се неопходни и ќе бидат искористени при согледувањето на реалните состојби. Посебно во поглед на Националната Стратегија за развој на женското претприемништво, на која веќе се работи од страна на Министерството за економија во соработка со Здружението на бизнис жени, во соработка со поддршка од страна на GTF и SEECEL, тоа ќе бидат свежи апдејтувани податоци кои ќе се искористат при изработување на документот (Стратегијата) за дадениот период 2016-2020.

Be the first to comment on "Анализа на состојбата на женското претприемништво во Македонија"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*