Повеќе жени на менаџерски позиции

IME

Во рамки на програмата за Зголемување на вработливоста на пазарот (Increasing Market Employability – IME),  поддржана од страна на Швајцарската Агенција за развој и соработка (SDC), а имплементирана од страна на агенциите Свисконтакт (Swisscontact) и Преда Плус беше објавена публикацијата „Родово сензитивни политики и практики за менаџмент на човечките ресурси по примерот на светските ИКТ компании“. Целта на оваа публикација е промоција и актуелизирање на потребата од родово сензитивни политики за менаџмент на човечки ресурси во компаниите.   

    
Од разработените примери на избраните компании е видливо дека сите тие имаат стратешки определби за поддршка на активностите за обезбедување еднакви можности за жените, како и за мажите кои се вработени. Освен тоа, компаниите имаат дефинирано конкретни мерки за подигнување на свеста за важноста на родовата еднаквост и рамнотежа, како и за промоција на оваа тема, а особено за зголемување на учеството на жените во управувачките структури, врз база на показателите за успесите кои ги остваруваат компаниите со развиена свест во поглед на родовата еднаквост и присуството на жените на сите нивоа од највисоките извршни и контролни
нивоа, па се до најниските нивоа на менаџмент.

Некои од позитивните примери потенцирани во публикацијата се:

  • „Дојче Телеком воведе квота за жени со фокус на бројот на жени во управните и надзорните одбори. Компанијата исто така ги рефокусира своите залагања за да привлече женски кандидати преку трансформација на работното место и надминување на невидливите бариери кои дотогаш постоеа. Покренати беа повеќе иницијативи од областа на човечките ресурси, вклучително и загарантирано враќање на работното место после привремено отсуство. Општо, процентот на жени на раководни места од 2010 па наваму е во пораст. На ниво на групацијата, тој процент е зголемен од 19% во февруари 2010 на 25,8% во декември 2015 година.“
  • „Во 2010 година Циско ја воведе ЏАМП (JUMP) програмата за персонализиран развој на жени/девојки на неменаџерски позиции. Во некои од земјите каде што Циско има своја канцеларија, оваа програма за жени се нарекува и Програма за менаџери од следната генерација (Next-Generation Leader (NGL) Program). Оваа програма за
    менаџмент со талентите е фокусирана кон задржување и промоција на жените/девојките со високи потенцијали на сите нивоа на организацијата, вклучувајќи го кариерното
    планирање, менторирање и развојот на вештини.“
  • „За да го зголеми бројот на жени во раководството и техничките позиции, Симантек се посветил на системски пристап, почнувајќи со зголемување на застапеноста
    на жените во Одборот на директори до 2020 година до минимум 30 проценти. Верувањето дека диверзитетот на работната сила е од суштинско значење за испорачување на исклучителни производи и услуги, а со тоа и постигнување на подобри перформанси, ги натерало во Одборот на директори да дадат приоритет во неговото
    постигнување. Тие верувале дека најдобар начин да се одговори на барањата на различните клиенти е преку отсликување на тој диверзитет помеѓу своите вработени и
    Одборот на директори.“

Целата публикација можете да ја најдете на следниот линк Najdobri HR praktiki od globalni kompanii.

Be the first to comment on "Повеќе жени на менаџерски позиции"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*