Жаклина Гештаковска Алексовска, Експертка за родови прашања при Програмата за зголемување на пазарната вработливост

zaklina1

Жаклина Гештаковска Алексовска, Експертка за родови прашања при Програмата за зголемување на пазарната вработливост на Швајцарската Агенција за Развој и Соработка, а имплементирана од Свисконтакт и Преда Плус

Еднакви.мк: Што всушност претставува Програмата за зголемување на пазарната вработливост?

Жаклина Гештаковска Алексовска: Зголемување на пазарната вработливост (IME) е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), имплементирана од Swisscontact и локалниот партнер PREDA Plus. IME програмата работи на зајакнување на бизнис-секторот во Македонија, на подобрување на квалитетот на производите и услугите кои се нудат, на проширување на пазарите и создавање поволна средина во трите избрани сектори: туризам и угостителство, креативни индустрии и зелена (еколошка) економија. Првата фаза на програмата се имплементира од 1 април 2015  до 1 април 2019. IME имплементира активности кои ќе придонесат во зголемувањето на приходите на жените и на мажите, а особено на младите, преку зголемување на конкурентноста на малите бизниси во клучните сектори и кај земјоделците. Важно е дека фокусот е ставен на обезбедување одржливи системски промени кои ќе  овозможат пристап до пазарите, генерирање на приходи и усвојување на системска динамика на среден и долг рок.

Еднакви.мк: На какви конкретни активности работите?

Жаклина Гештаковска Алексовска: За да се утврдат интервенциите на програмата, првата година од работењето беше посветена на анализа на овие три пазарни системи. Секој пазарен систем има свои пречки или ограничувања коишто на компаниите им попречуваат да го остварат својот максимум. Програмата заедно со сите наши партнерски организации и компании заеднички креираше интервенции кои водат кон надминување на тие препреки. Сите се различни, во извесна смисла специфични за секој од секторите. На пример, во туризмот работиме во три дестинации, во Охрид, Маврово и Крушево. Во секоја од тие три дестинации има работни групи составени од компаниите и сите други чинители во тоа место и сите заедно работат на развивање на туризмот со конкретна img_4148стратегија за тоа каков тип на туристи би сакале да донесат во летната или во зимската сезона. Веќе има напредок во однос на активностите што ги прават, за да може на пример во Маврово да се привлечат семејни туристи и да им се дадат таков тип на атракции или дополнителни активности кои ќе ги задржат повеќе од само продолжен викенд или зимскиот распуст. Значи се работи на продолжување на сезоната и зголемување на бројот на туристи, било домашни било странски. Програмата поддржа многу активности поврзани со авантуристички туризам, посебно една конференција за авантуристички туризам која се одржа во Охрид во мај оваа година и ги зајакна капацитетите на тур операторите и на агенциите со цел услугите што ги нудат на странските туристи да ги подигнат на повисоко ниво во однос на безбедност, бидејќи во авантуристичкиот туризам тоа е основно и во однос на начинот на којшто се одвива нивната тура или одмори и во однос на сите пропратни активности коишто се нудат. Резултатите од ваквите или сличните типови на активности допрва треба да дојдат. Инаку во секторот Зелена економија работиме со органско производство и енергетска ефикасност, а во секторот Креативни индустрии со компаниите што се бават со развој на софтвер и дизајн на производи. Во Македонија има одлични дизајнери коишто можат да понудат подобар дизајн на македонските производи за нивна продажба било на домашни или на странски пазари, а засега нивните потенцијали се недоволно искористени .

Една од компонентите присутна во сите три сектори е компонентата за родова еднаквост и економско јакнење на жените. Улогата на жените во секој од секторите е различна и специфична, па затоа и активностите за економското јакнење на жените се донекаде и различни. Она што ги обединува е потребата да се поддржи женското претприемништво во целост, да се подобри пристапот на компаниите до услуги кои можат да овозможат раст и развој, а под услуги мислам на пристап до финансиски продукти, консултантски т.е. советодавни сулуги и заедничко настапување на домашниот и на странски пазари.

Еднакви.мк: Кои се најзначајните резултати на неодамнешното истражување кое го правевте во ИКТ секторот во Македонија?

Жаклина Гештаковска Алексовска: Еден од подсекторите работи со компании кои се бават со развој на софтер како една од индустриите кои имаат потенцијал за развој на економијата во Македонија во целост. Има се поголем број на компании, стануваат се поуспешни, но во исто време она со што компаниите во Македонија најмногу се соочуваат како предизвик е наоѓање и задржување на квалитетна работна сила. Во тој дел свесни сме дека младите професионалци од областа на развој на софтвер имаат и можности за работа во странство, дел од нив остануваат тука, дел заминуваат, додека компаниите се соочени со предизвик да изнајдат начини да ги задржат своите вработени бидејќи тоа е нивната конкурентна предност на пазарот. Програмата спроведе истражување за тоа каков тип на бенефиции ценат нивните вработени и колку политиките за управување со човечки ресурси се родово сензитивни. Показателите се дека жените се помалку застапени во овој сектор, дека тоа предоминантно се смета за машка професија и машка област, како и img_8554всушност сите технички науки. Иако на високо образовните институции постои 50-50 однос на мажи и жени студенти, понатаму во компаниите има најмогу 30% вработени жени и тоа се рефлектира и во водечките позиции, во сопственичката структура. Жените се само 12,5%  на сениор позиции во компаниите, а само 2-3% се како сопственички на бизниси. Светските истражувања покажуваат дека за да ги привлечеш и задржиш вработените, посебно жените, треба како работодавец да имаш пристап како некој којшто може да ги разбере потребите на вработените. Потребите на вработените мажи и жени се донекаде различни. И она што истражувањето во две компании го покажа е дека вработените особено ги ценат оние бенефиции кои компанијата ги нуди, а коишто ќе им овозможат да воспостават рамнотежа помеѓу деловните и приватните обврски. Ако на почетокот на својата кариера тоа биле млади луѓе, во своите 20ти години, коишто можеле по 10-12 часа да остануваат на работно место да програмираат, со текот на својата кариера тие се стекнале со семејство или не, но сепак си бараат малку поинаква работна средина и можност да го воспостават тој баланс помеѓу работните и приватните обврски. Тука има една специфика помеѓу мажите и жените, посебно кога го поставивме прашањето колку од мажите и жените имаат потреба од слободни денови или имаат потешкотии во воспоставување на овој баланс, на пример на почетокот на школската година или кога децата отпочнуваат со одење во градинка, па кога има и потреба да остануваат дома и тука беше многу очигледна разликата меѓу вработените мажи и жени. Ако 45% од вработените во компанијата рекле дека имаат проблем со слободни денови што им се потребни за таков вид обврски, од нив 100% се жени. На следното прашање кој се грижи за таков тип на обврски во семејството, најчесто одговорот е или сопругата или некој друг член од семејството, иако се поголем е бројот на млади кои ги споделуваат семејните обврски. Сепак живееме во средина во која тоа не е случај за сите и очекувањата од жената во семејството и на работното место се поинакви од очекувањата од мажот. Она што ние сакавме да го направиме е да им покажеме на компаниите дека малку вложување во еден поинаков тип на бенефиции може многукратно да им се врати во лојална работна сила којашто ќе биде и продуктивна и задоволна, бидејќи кога сме задоволни со обврските на двете страни на нашиот живот сме попородуктивни и поисполнителни на работното место.

Еднакви.мк: Какви се меѓународните искуства на тоа поле?

Жаклина Гештаковска Алексовска: Меѓународните истражувања одат чекор понапред и тие покажуваат колку е поголем бројот на жени на повисоки позиции во управните одбори на компаниите толку се тие и поуспешни и попрофитабилни. Имаimg_4166 и податоци и анализи правени на компании коишто се присутни на берзата и се со поголем број на вработени и понекогаш е тешко да се споредат тие податоци со нашата економија и со нашите компании и најчесто изговорот е „е па тоа функционира таму некаде, на Запад, а кај нас не може“. Но јас не се согласувам со тоа и сметам дека она што поголем број на жени во компаниите и особено на повисоките менаџерски позиции го носат сами по себе е поголем број на идеи за разрешување на проблемите со кои компанијата се соо
чува. Значи пристапот кон нивните клиенти, купувачи или соработници е исто така важен за да можат тие како компанија да понудат најдобри решенија за своите партнери или потрошувачи. А ако бидат сите вработени само жени или само мажи, креативноста на идеите кои се потребни за да се разрешат некои проблеми е намалена од старт. А пак понатаму исто така и начинот на којшто се пристапува при
разрешување на конфликти во компанијата, докажано е дека жените се во извесна смисла и подобри во тоа и дека е потребна таа диверзификација на работната сила. И не само меѓу мажи и жени, туку и возрасни групи, социјални групи, етнички и сите други разлики што меѓу нас постојат.

Еднакви.мк: Зошто според Вас е важна родовата еднаквост кај менаџерските позиции?

Жаклина Гештаковска Алексовска: Сте слушнале ли некогаш некој да каже „Тој е успешен менаџер иако е маж и има семејство“. Верувам не, но за жените тоа го слушаме почесто. Родителството и семејните обврски се обврски на двата родители и се додека тоа не започнеме да го применуваме ќе имаме помалку жени на менаџерски позиции, жени претприемачки, жени во политиката.

Жените на менаџерски или позиции каде што се донесуваат одлуки се особено важни, прво за успехот и профитабилноста на самата компанија или организација, но и како жени кои ќе ги охрабрат младите девојки да размислуваат дека сите опции се отворени, секоја кариера е возможна и дека успехот не зависи од родот.

Еднакви.мк: Што би им порачале на младите жени?

Жаклина Гештаковска Алексовска: Да се осмелатzaklina во областа во која работат да бидат успешни, да си дозволат да бидат успешни. Во извесна смисла мислам дека ние како жени често пати им веруваме на пораките кои општеството ни ги дава, дека треба да бидеме воспитани, културни, да си го гледаме семејството, да правиме работи кои им „доликуваат на жените“. Јас мислам дека тука не треба да правиме разлика. Треба да ги воспитуваме и нашите синови и нашите ќерки на родовата еднаквост да гледаат како на основно право и нешто што може да им даде подобри основи за живот на сите, не само на жените туку на сите во општеството.

Be the first to comment on "Жаклина Гештаковска Алексовска, Експертка за родови прашања при Програмата за зголемување на пазарната вработливост"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*