Живот со достоинство

14585674_10211516230891011_97779396_o

Целта на проектот „Живот со достоинство“, кој го спроведе НВО Младински иницијативи за дијалог и соработка како подгрант од CLAIM! Граѓанска Мрежа за мир, обнова и човекова сигурност, е да се крене свесноста во јавноста од мултидисциплинарен пристап кон човековата сигурност. За согледување на состојбите во Република Македонија се направи истражување на законската регулатива во областите на здравство, работни односи и пензиско-социјалните прашања. Целта беше да се согледаат состојбите и да се дадат препораки како кај нас би можела да се зголеми сигурноста на луѓето од овие аспекти.

Како завршен дел проектот днес (06.10.2016)  се одржа јавна дебата за презентација и дискусија на истражувањето „Мултидимензионални аспекти на човековата безбедност“. На настанот свои воведни излагања имаа:

– Проф. Др. Мери Бошковска, „Мултидимензионални аспекти на човековата безбедност“

– Проф. Др. Миле Спировски, „Влијанието на пристапот до високото образование“

– Проф. Др. Јасмина Делчева Диздаревиќ, „Влијанието на сигурноста на работата“

–  Алберт Муслиу, „Влијанието на функционирањето на демократски институции“

img_8370Дел од препораките што произлегоа од дискусијата се:

  • дополнителни активности во насока на развој на животното осигурување како алтернативен вид на штедење
  • пренамена на дел од средствата од буџетот на државата од непродуктивни кон капитални инвестиции кои би овозможиле зголемување на економскиот раст во земјата, креирање нови работни места и намалување на невработеноста
  • да се преземаат дополнителни мерки и активности во областа на социјалната политика и вработувањето во насока на зголемување на вработеноста на младите и долгорочно невработените лица, да се обезбедат соодветни институционални и финансиски ресурси за намалување на сиромаштијата во земјата
  • подобрување и ефективна и ефикасна примена на прописите од областа на безбедноста и здравјето при работа и ревидирање и промоција на стандарди за безбедност и здравје при работа

Be the first to comment on "Живот со достоинство"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*