Јасна Суша, фотографка

14632660_10154490918680941_334460697_o

Јасна Суша, професионална фотографка, со долгогодишно работно искуство и во Македонија и во странство, со огромно креативно творештво позади себе

Еднакви.мк: Вие сте една од ретките жени фотографки во Македонија, која патем ужива во својата професија. Што е тоа што Ве привлече во оваа професија?

Јасна Суша: Една од ретките жени што ужива во својата професија во Македонија?! Ух, мора да имате сериозна статистика за да дојдете до ваков заклучок! Уживате ли Вие во својата професија?! Јас ја обожавам мојата работа, каде и да сум, ја сакам! Јас и апаратот сме во сериозна врска, љубовна, партнерска, мајчина, сестринска, братска. Се разбираме каде и да сме! И кога сум тажна, и среќна, и сама, и радосна! Луда е оваа професија, авантуристичка, ако си направиш  авантура од неа! А јас си правам авантура од се во животов! Некако така го имам сфатено животот ко авантура, па зошто не би се играла со него! Си флертувам со апаратот нон стоп, навечер си легнувам уморна и среќна!

Еднакви.мк: Повод за нашиот разговор е хуманитарната забава што ја организирате во Ракија Бар Калдрма. За што всушност станува збор?

Јасна Суша: Дојдов во Македонија на одмор! Имав напорен договор на брод, многу напорен, луд, ама неверојатно креативен. Напорот си го направи своето и го извади максимумот од мене. Но, дојдов тука и не можев да останам рамнодушна на приказната на мојата долгогодишна пријателка. Видов дека и треба помош и не можев да се помирам со ситуацијата, морав да делувам! Донесов принтови од мои фотографии за да им ги подарам на пријателите. Сакав да ги освежам после сите ситни поклончиња од минатите 14593352_10154490937045941_1743061089_n

договори со фотографии снимени на Антартик, Бурма, Камбоџа, Индија итн. Така размислувајќи како да помогнам дојдов на идеја наместо да им ги подарам, да им ги продадам. Јас знам дека во Македонија мојата фотографија не можам да ја продадам колку што мислам дека вреди. Тоа ми е многу јасно. И јасно ми е колку вреди. Но, човечкиот живот вреди повеќе од било кое дело, ма какво и да е, ма чиво и да е. Само да дојдат оние пријатели на кои сакав да им подарам фотографија и само тие да купат, ние голема работа ќе завршиме. Идејата почна малку 14614223_10154490920335941_1904681673_oнаивно во мојата глава. И тоа сфатив откога почнаа луѓе да ми пишуваат на фб, во инбокс, телефони. Па така, сето тоа за многу кратко време требаше да се организира во
продажна изложба. Кафе бар Калдрма искочија во пресрет, понудија и дел од прометот што ќе го остварат во рамките на изложбата, ивентот, акцијата, забавата, ма како и да ја наречеме.

Оваа моја пријателка, еднаш, не така одамна за да заборавам, многу ми и
ма помогнато. Ми има помогнато кога немав ептен, пред 14618656_10154490920595941_218746886_oмојата одлука да заминам во странство да работам. А таквите работи јас не можам да ги заборавам. Ниту враќам за тоа, ниту осеќам потреба дека треба да се оддолжам. Затоа што сме пријатели, а кога правиме не14627702_10154490928215941_54140600_nшто од срце, го правиме безусловно, и јас не очекувам ништо за возврат. Никој не можеше да помисли дека ќе дојдеме до тука. Ама животот не знаеш каде те носи, малку лево, малку доле. Покрај што ги замолувам луѓето кои можат да помогнат, секојдневно го молам Универзумот да биде со неа. А таа е јака, бре што е јака, збор не изусти, не се пожали, а искрено не ни побара. Не сум ја чула две недели, ниту ја известив за мојата идеја, си реков она нека се лути за овој мој подвиг, ама јас морам да се обидам. И нека ми биде лута цел живот, ама нека оздрави. А јас, јас знам се, знам како е кога немаш, ама кога немаш за кафе и тогаш боли. Којзнае каква е маката на луѓето кои се борат со вакви животни приказни и тогаш се освестуваш и ти текнува дека она што си немал за кафе, не било болка!

Еднакви.мк: Зошто треба во недела да се биде токму во Ракија Бар Калдрма?

Јасна Суша: За да и помогнеме на една МАЈКА! Тоа што е мајка уште повеќе ме тера да се јавувам по луѓе, да барам! А мене одамна ми е јасна девизата во животот ако не бараш нема да добиеш! А колку бараме, толку добиваме! Најотворено барам за мојата пријателка и ќе направам се да се собере сумата која е неопходна за нејзино лекување. Овие неколку дена се убедив дека луѓе сеуште постојат. Еден интересен податок од ова мое патешествие е дека повеќето од луѓето кои кубурат со 100че 14585638_10154490920425941_1742604766_oдневно, се јавија! Имаше и такви кои ми рекоа: рачунај на мене, плата земам за три дена, немам денар во џеб. Топлина, топлина! Не џабе од народот излегол муабетот „кај богатиот нагледај се, кај сиромавиот најади се“. И има голема вистина, голема! Ама ајде нека ме разубедат парајлииве дека не сум во право, еве ги предизвикувам. Си праќам желбички во космосот да дојде некој и да ги откупи сите фотографии, па нека ги фрли ако треба во ѓубре.

Еднакви.мк: Што е тоа што Ви е најголема инспирација во работата?

Јасна Суша: Па ако ја сакате работата како јас што ја сакам, веројатно тогаш љубовта е инспирација. АВАНТУРАТА?! Да, дефинитивно! Ова е авантуристичка професија. Оваа професија заедно со мојот дух ме однесе на неверојатни места. Какви приказни создадов, какви ликови запознав, па јас во следните три животи да седам и да блеам у една точка сум ја исполнила мисијата!

Еднакви.мк: Што би им порачале на младите жени?

14632635_10154490920265941_613987302_oЈасна Суша: Знаете на брод во мојот тим јас бев најстара. И секогаш машките од тимот кога ќе немаше каде да седнам, а тие седеа, по инерција стануваа да ми отстапат простор. И секогаш им викав, дечки еднакви права, ова не дека сум жена, ама нозете ме болат. Досега во животот никогаш не се осетив нерамноправна, делев исти маки со сите, делев исти пари со сите. Ако баш инсистирате нешто да им порачам исклучиво на жените тоа би било да размислат неколку пати пред да се омажат! Во мојата околина има еден тон несреќни бракови и судбини заради погрешен избор на партнерот. Никогаш да не се наслонат на партнерот. И секогаш да бидат НЕЗАВИСНИ, ФИНАНСИСКИ! Образованието е неверојатно битно, знам дека ова Ви звучи како клише, особено кога се бори Македонија со премногу образовани дома, и премногу необразовани сегде, ама не знаете колку верувам дека тркалото ќе се сврти! Ако не тука, негде веќе се врти! Кога би можела само да Ви ја опишам реакцијата на моите претпоставени кога дојдоа да ме интервјуираат после три години работа на брод…чувството е неверојатно кога сте вреднувани! Ама јас барав напорно да бидам вреднувана, не седев во иста точка!

 

Be the first to comment on "Јасна Суша, фотографка"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*