Дебата “Жените во политиката”

20161018_121802

Во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода денес се одржа дебатата на тема „Жените во политиката“, во хотелот Сити Парк во Скопје.
На дебатата преку видео изјави, свое мислење за местото на жените во политиката го дадоа претставнички од повеќе политички партии во Македонија: Радмила Шекеринска од СДСМ, Теута Арифи од ДУИ, Лилјана Поповска од ДОМ и Влера Ејупи од Движењето за реформи – ДПА. Панелистки на дебатата беа истакнатите граѓански активистки и експертки од областа на родовата 20161018_121821еднаквост и правата на жените, Марија Савоска, Ана Василева и проф. д-р Катерина Колозова. Модератор на дебатата беше новинарката на ЦИВИЛ Медиа, Моника Талеска.

Дебатата е дел од активностите на Караванот на слободата, кој во изминативе три месеци организираше повеќе видови активности во над 40 општини низ целата земја, вклучувајќи концерти, уметнички работилници, поетски и театарски перформанси, како и дебати и дискусии кои опфаќаат различни културни и општествени прашања кои се важни за граѓаните.

Караванот на слободата е тримесечен фестивал, организиран од ЦИВИЛ – Центарот за слобода и поддржан од УСАИД, кој ќе ги користи уметноста и културата за да влијае на засилување на граѓанската свесност и граѓанското учество. Тој е динамичен мултимедијален проект, кој го поттикнува граѓанското учество во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво.

Be the first to comment on "Дебата “Жените во политиката”"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*