Глобален Родов Јаз – Македонија на 73то место

logo

Преку Извештајот за Глобалниот Родов Јаз, Светскиот Економски Форум ја квантифицира големината на половите разлики и го следи нивниот напредок со текот на времето, со посебен фокус на релативниот јаз помеѓу жените и мажите во четири клучни области: здравство, образование, економија и политика. Извештајот за 2016 година опфаќа 144 земји. Повеќе од една деценија на податоците покажува дека напредокот се уште е премногу бавен за реализирање на целосниот потенцијал на една половина од човештвото во рамките на нашите животи.

Според Извештајот следните 10 земји се на врвот во светот со најмал родов јаз, односно разлики меѓу можностите за мажите и жените:

  1. Исланд
  2. Финска
  3. Норвешка
  4. Шведска
  5. Руанда
  6. Ирска
  7. Филипини
  8. Словенија
  9. Нов Зеланд
  10. Никарагва

Македонија годинава е на 73 место, за разлика од 2006 кога била на 28мо. Од четирите области кои се мерат во Извештајот, во областите „пристап до образование“ и „здравство и преживување“ родовиот јаз е минимален, односно не постои голема разлика меѓу можностите што ги имаат мажите и жените во овие области. Во подобласта „пристап до терцијарно образование“, во Македонија воопшто нема родов јаз, односно пристапот до високо образование го користат подеднакво и момчињата и девојчињата.

Во другите две области пак, „политичко учество“ и „економско учество и можности“ родовиот јаз е огромен и тоа на штета на жените. Тие се помалку застапени на пазарот на трудот генерално и минимално се застапени на повисоки или менаџерски позиции. Во рамки на политиката, жените се застапени во Собранието, но не и во Извршна власт.

На интерактивната мапа можете да ги најдете резултатите за секоја од 144те држави.

 

 

 

Be the first to comment on "Глобален Родов Јаз – Македонија на 73то место"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*