Славица Биљарска Мирчески – AllWeb

caci2

Славица Биљарска Мирчески е една од ретките луѓе во државава што успеваат да обавуваат неколку работи наеднаш. Таа е една од основачите на AllWeb, сопственичка на приватна компанија и предава на факултет.

 

Еднакви.мк: Вие сте сте една од основачите на AllWeb.mk. Што всушност претставува настанот?

Славица Биљарска Мирчески: Ако зборуваме само за AllWeb.mk, тогаш тоа е еднодневна годишна конференција посветена на дигиталните комуникации. Целта на настанот е да обезбеди уникатно искуство за посетителите, квалитетна содржина, одлични говорници и споделување на знаење. Наменет е пред се за луѓе од сферата на маркетингот и односите со јавност, но темите кои се обработуваат будат интерес и кај извршните директори и менаџери, па и кај сите на кои бизнисот им зависи од начинот на комуникација со пошироката јавност.

Настанот нуди единствена можност за компаниите, брендовите, организациите, претприемачите и воопшто за сите заинтересирани да го подобрат своето знаење, да го усовршат своето присуство на интернет, да го разберат пазарот и да се носат со постојаните промени во сферата на дигитални комуникации. Годинава се одржува на 18 ноември во хотелот Александар Палас.

Е сега, брендот AllWeb е многу повеќе. Тоа се серија на настани, поголеми и помали, кои се наменети да им помогнат на компаниите и организациите да ги разберат дигиталните медиуми и начинот на комуникација преку интернет, да научат нешто повеќе за трендовите и за тоа како другите се соочуваат со предизвиците, со крајна цел да ја подобрат комуникацијата со пошироката јавност, а со тоа и да си ги подобрат резултатите во работењето. Покрај централната конференција, која се одржува секоја година кон средината на ноември во Скопје, од годинава почнавме да организираме ист таков настан и во Тирана, Албанија, а организираме и серија работилници, средби, дружења во текот на целата година.

Еднакви.мк: Како дојдовте до идејата да се организира еден ваков настан?

Славица Биљарска Мирчески: AllWeb.mk е резултат на лична заложба и посветеност на група луѓе кои работат, живеат и уживаат во дигиталниот маркетинг и комуникации. Пред околу седум години, јас и Дарко разговаравме дека на нашиот пазар му е потребна инвестиција,caci1 во вид на знаење и споделено искуство и дека недостасува еден настан од ваков профил. Во 2012 ја организиравме првата конференција. И денес, после пет години, AllWeb се уште е единствен настан во Македонија кој е посветен на дигиталните комуникации .

Еднакви.мк: Кои се говорниците годинава и на кој начин може да се присуствува?

Славица Биљарска Мирчески: Без ни малку скромност можам да кажам дека годинава имаме одлични говорници. Денот ќе го започнеме со Благица Ботиљеро, добитничка на Еми награда за дигитални комуникации. За неа слободно можам да речам дека е жена која помогнала интернетот да порасне до оваа мера. Тука ќе бидат и Ерик Меијер кој доаѓа од Дојче Телеком, па Скот Морисон, Марк Деузе… завршувајќи со Иван Брезак Бркан од Нетокрација. Имаме и панел со луѓе кои ги работат и живеат дигиталните комуникации и медиуми тука, во Македонија, за на содржината да и дадеме и локална нишка. Во текот на денот на сцената ќе застанат повеќе од тринаесет искусни професионалци од кои има многу да се слушне и научи. За да не одземам премногу простор, целосната агенда може да се најде на http://allweb.mk/agenda/.

За да присуствувате на конференцијата, треба да си обезбедите влезница. Нудиме различни пакети за поединци, компании, па дури и за студенти.

Еднакви.мк: Што, според Вас, е пресудно за добро балансирање на приватниот и професионалниот живот? Кои се предизвиците и како се справувате со нив?

Славица Биљарска Мирчески: За добро балансирање на приватниот и професионалниот живот  потребно е да го работиш тоа што го сакаш и да го живееш тоа што го работиш. Така отприлика функционирам јас. Е сега, предизвици има многу. Мене лично, некако најтешко ми оди да си го организирам времето, за навремено, а при тоа и квалитетно да ги завршам сите обврски. Инаку, AllWeb, не ми е единствената преокупација. Имам caci3приватна фирма која ја водам, предавам на факултет, учам… Многумина се чудат како стигнувам да
завршам се и да најдам време и за приватни дружења.  Не е лесно, но со поддршка, помош и разбирање од луѓето со кои работам и од семејството, успевам.

Еднакви.мк: Што би им порачале на жените кои сакаат да постигнат професионален успех како Вашиот?

Славица Биљарска Мирчески: И во животот и во кариерата има и успеси и падови. Најважно е човек да не се откажува. Да си постави цел и да се даде себеси во остварување на истата. И ова не важи само за жените. Полот не треба да ни претставува пречка. Од раѓање сме еднакви, почнуваме од “нула“, а тоа кој колку ќе успее зависи само од неговите приоритети,  посветеност на работата и упорност. Јас не се откажувам!

Be the first to comment on "Славица Биљарска Мирчески – AllWeb"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*