ЗОНТА вели НЕ!

%d0%bf%d0%be%d0%ba%d0%b0%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%ba%d0%b4-%d0%b7%d0%be%d0%bd%d1%82%d0%b0

Zonta International е формиран во 1919 година. Таа е водечка глобална организација на жени – бизнисменки и професионалки, кои работат на зајакнување на статусот на жените преку советување и застапување.

Зонта има визија за Свет, во кој правата на жените, се признаваат како човекови права и секоја жена е во можност да го постигне целосно својот потенцијал.

Во таков свет, жените имаат пристап до сите ресурси и се застапени во донесувањето на одлуки на сите возможни позиции, на еднаква основа со мажите.

Во таков свет, ниту една жена нема да живее во страв од насилство, како физичко така и емоционално.

Во светот има над 30.000 членки на Зонта, во 67 земји. Зонта соработува со Обединетите Нации од 1945 година и има генерален консултативен статус.
Секоја година  UN Woman, UNISEFи други организации на ОН, добиваат шестоцифрени донации од Фондацијата на Зонта. Зонта е и постојана членка и на Советот на Европа.

Во Македонија, Зонта клубот Скопје, постои од 2004 година. Иако по број сме малку членки, се трудиме активностите да одекнат во јавноста.
Минатата година „Женскиот Автобус“, поддржан од USAID, ја обиколи Македонија во период од 25ти Ноември до 10 Декмеври, во рамките на 16те Дена активизам против родово-базираното насилство.

Оваа година сме дел од заедничката акција на UN Woman и сите невладини организации кои работат на запирање на родовто насилство: „Вклучи се – Ислкучи насилство – 16 Дена активизам против родово базираното насилство“.

Традиционалниот добротворен Зонта настан „ЗОНТА ВЕЛИ НЕ“, кој секоја година го одбележуваме на исто место (МКЦ Клуб Ресторан), годинава ќе се одржи на 9ти декември, петок од 18:00-20:00 часот.

Оваа година, собраните средства ќе бидат наменети за помош на единствената преживена жртва на фемицид во Македонија.

Нашето мото оваа година е – ОД СВЕСНОСТ КОН АКЦИЈА.
Дел од нашите донатори се стоматолошки ординации, фризерски салони, Винарија Тиквеш, Аркус Дизајн, Сивус и др.
Ќе ја искористиме приликата да им доделиме Призанија за општествена одговорност и Благодарници и на нашите спонзори во прокетот – Го следиме Сонцето – на туристичката Ангеција Савана, Горска Вода, Свислион и сите оние, кои несебично ни помагаат во остварувањето на нашите цели.

Инаку освен овој настан, останати активности на Зонта клуб Скопје:

1. Young Woman in Public Affairs – YWPA награда за млади девојки од 16 до 19 години – конкурсот ќе го објавиме по Нова Година. Апликации ќе прибираме до 15ти Март.

2. Награда Jane Klausman – студентки од 19-22 кои студираат на Бизнис и менаџмент. Овој конкурс ќе го објавиме во Март за до 15 Јуни.

3. Награда Amelia Earhart – Девојки кои се запишани на докторски студии во авио-инжињерство. Наградата се  доделува во Ноември.

Be the first to comment on "ЗОНТА вели НЕ!"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*