Актерката и активистка, Ешли Џад за онлајн родово насилство

Ashley Judd

Во TedTalk говор одржан на конференцијата TedWomen во Сан Франциско во октомври минатата година и со премиера на интернет денес, Ешли Џад одби да ја ублажи природата на злоупотребата онлајн и нејзините последици. Од закани за смрт и насилство, до напади фокусирани на нејзиниот статус како жртва на сексуален напад и силување, Џад вели дека креативноста и разноликоста во потсмевот се неверојатни. Откако се обидела да влезе во онлајн расправа со нив, таа заклучува дека решението за овој проблем не е во нејзината тастатура.

Решение би можело да биде да исчезне од интернет, но таа одбива. “Реков не. Јас нема да се симнам од социјалните медиуми. Јас ќе продолжам да сум се што сум и да го користам мојот глас. Имам право да бидам тука и имам право да бидам која што сум. “

Целиот нејзин говор на TedTalk можете да го погледнете тука.

Џад смета дека е потребен мултидимензионален пристап кон решавање на онлајн насилството, кој би опфаќал измена на законите против родово насилство за да ги опфатат новите технологии кои обезбедуваат нови можности за злоупотреба.

Be the first to comment on "Актерката и активистка, Ешли Џад за онлајн родово насилство"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*