„Бори се Женски“ во акција

bori se zenski

По подолго време, Бори се женски се врати во акција. Во организација заедно со UN Women и поддршка на FES Skopje успешно изменаџираа настан чија цел беше критички да го преиспита значењето на романтичната љубов, а директен повод беше 14 февруари, Ст. Валентин, празникот на вљубените. Со години, митот за романтичната љубов (по можност крунисана со брак), претставувана како едно од најголемите достигнувања во животот и како суштински показател за степенот на „реализираност“ на една жена, се провлекува низ медиумите и наративите од нашето borisezenski4секојдневие, формирајќи ги нашите светогледи и насочувајќи ги очекувањата. Како резултат на тоа, девојчињата и жените почнуваат да се доживуваат себеси како украсен предмет што би требало да го дополни или потполни машкиот субјект, па се опседнуваат со постигнување на соодветниот изглед и однесување диктирани од масовните медиуми. Честопати се смета дека задоволството и статусот што доаѓаат со остварената романтична моногамна врска се доволни за да се истрпат навреди, понижувања, а понекогаш и суптилно затскриено насилство.
Целта на настанот беше да го разобличи тој мит, да види од каде потекнува и кон што води. За таа цел, беа анализирани кратки извадоци од книжевност, филм и медиуми.

Преку излагањата на Бети Баковска, bori se zenski 2која ја анализираше Џејн Ер на Шарлот Бронте (наречена прв феминистички роман на анслиски јазик), Ана Мартиноска која зборуваше за холивудските романтични комедии како „Убава жена“ или „Дневникот на Бриџет Џонс“ и митовите и очекувањата кои тие ни ги „подметнуваат“ и Бисерка Велковска која направи краток осврт на медиумските содржини на тема на (романтична) љубов кои се однесуваат на, или вклучуваат жени од последните 30ина
денови, се обидоа да прикажат на кој начин мас медиумите влијаат на нашето поимање љубовта и улогата на жената во неа.
Низ неформалната дискусија што следеше се дојде до заклучок дека преку овие медиуми се пласираат нереални очекувања и барања, особено од жените, кои се прикажани како некомплетни bori se zenski1доколку не се во романтична хетеросексуална врска, по можност крунисана со брак и деца, и од кои се бара да направат сериозни остапки, често по цена на личниот и телесниот интегритет, за да бидат прифатени како „вистински жени“. Понатаму, се дојде заклучок дека во трката по зголемени профити, наместо критички да ги согледуваат и преиспитуваат тековните ставови и однесувања, тие само ги зашеќеруваат со емоции или зачинуваат со елементи на сензационализам, ги надувуваат ги пласираат како автентични одрази на реалноста.

Настанот отвори навистина интересни теми и привлече многубројна публика.

1 Comment on "„Бори се Женски“ во акција"

  1. gordana perkovska | February 18, 2017 at 16:58 | Reply

    Mnogu mi e zal sto nemozev da ja pronajdam prostorijata objavena na mapata so objavata za nastanot. Sega imam moznost da procitam.Pozdrav!

Leave a comment

Your email address will not be published.

*