Продолжен рокот за програмата за развој на бизнис идеја

17006158_10155794127393448_890742888_n

Ако имате идеја за почнување на сопствен бизнис и сте жена, може да се заинтересирате за вклучување во пред-акцелераторска програма на ЦЕЕД Хаб Скопје во партнерство со ИМЕ Програмата наменета за стартапи или компании основани од жени.

12 неделната пред-акцелераторската програма, на стартап компаниите и бизнис идеите ќе им помогне во развој и усовршување на бизнис моделот, развивање и усовршување на презентација пред потенцијални инвеститори, работен простор, ментори, советници, многу настани, едукација, вмрежување и поддршка во развојот на производите или услугите. На крајот, учесничките ќе имаат демо ден, односно можност своите идеи да ги претстават пред инвеститори, бизнис ангели и инвестициски фондови.

Апликацијата, која се затвора на 3 март, ќе ја најдете на следниот линк: https://ceedhubskopje.typeform.com/to/bCoMpH

Програмата се спроведува во соработка со Националниот младински совет, Асоцијација на бизнис жени, Мултикултура, Една може и CEFE Македонија.

Be the first to comment on "Продолжен рокот за програмата за развој на бизнис идеја"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*