Исланд стана првата земја во која компаниите мора да исплаќаат еднакви плати

iceland

Од 8ми Март 2017 година, Исланд стана првата земја во светот која ги принуди компаниите да докажат дека ги плаќаат сите вработени еднакво, без оглед на полот, етничката припадност, сексуалноста или националноста.

Владата на земјата, најави нов закон со кој ќе бара од секоја компанија со 25 или повеќе вработени, да се здобијат со сертификат покажувајќи еднакви плати за сите.

Овој потег доаѓа како дел од обидот од страна на нордиската земја за искоренување на родовиот јаз во платите од 2022 година.

Во октомври 2016та година, илјадници вработени жени низ Исланд излегоа од работните места во 02:38 за да протестираат поради тоа што заработуваат помалку од мажите. Според синдикатите и организациите на жените, после овој час, во типичен осумчасовен работен ден, жените во основа работат без плата.

Исланд е во првите редови на воспоставување на еднаквост на платите, откако веќе воведе минимална квота од 40 % за застапеност на жените во управните одбори на компании со повеќе од 50 вработени.

Доколку новото законско решение помине низ исландскиот парламент како што се очекува, Владата сака да го имплементира до 2020 година.

Be the first to comment on "Исланд стана првата земја во која компаниите мора да исплаќаат еднакви плати"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*