Инвенции од жени

inventor

Полскиот Европратеник Janusz Korvin Mikke побара да му набројат барем една инвенција направена од жена. Доби одговор во видео направено од Upworthy дека ова се само дел од инвенциите од жени:

  • Сплав за спасување – инвенција на Марија Беасли во 1882 година, благодарение на која се спасени стотици животи при потонувањето на Титаник
  • Првата машина за миење на садови – инвенција на Џозефин Кокрејн во 1887 година
  • Системот за видео-надзор CCTV – инвенција на Мари Ван Британ Броун, за која добива и признание од Националниот комитет на научници
  • Замрзнувач за сладолед – инвенција на Ненси Џонсон
  • Кевлар синтетички влакна – инвенција на Стефани Кволек во 1965 година. Тие се пет пати посилни од челикот и се користат за изработка на панцирни јакни
  • Модерниот фрижидер – инвенција на Флоренс Парпарт во 1914 година
  • Централно греење на гас – инвенција на Алис Паркер во 1919 година
  • Првата функционална компјутерска програма – инвенција на Ада Лавлејс во 1943 година

Се разбира тоа не е се, со малку истажување ќе ги најдеме и следните инвенции од жени:

  • Машина за изработка на хартиени кеси – пантентирана од Маргарет Е. Најт во 1871 година
  • Кревет кој се склопува во плакар – инвенција на Сара Е. Гуд во 1885 година
  • Пожарен излез – инвенција на Ана Конели во 1887 година
  • Даска за пеглање – инвенција на Сара Бун во 1892 година
  • Првиот грејач за кола – инвенција на Маргарет А. Вилкокс во 1893 година
  • Медицински шприц – инвенција на Летиција Гир во 1899 година
  • Брисачи за шофершајбна – првпат се патентирани од Мари Андерсон во Ноември 1903 година
  • Филтер за кафе – инвенција на Мелита Бенц во 1908 година
  • Водоотпорни пелени за еднократна употреба – инвенција на Марион Донован, која има и други 20 инвенции патентирани во периодот од 1951 до 1996 година
  • Стакло со ниска рефлексија – инвенција на Ктрин Бур Блодгет, која во текот на својата кариера има 8 различни патенти

Ова се само дел од палетата на инвенции креирани од жени, во најразлични области од науката, но и практичното живеење.

Be the first to comment on "Инвенции од жени"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*