Тара Мор- правила за брилијантните жени

tara mohr

Тара Софиа Мор е експертка за женско лидерство и авторка на книгата „Играј на големо: Практична мудрост за жени кои сакаат да прозборат, да создаваат и да водат“. Ова се дел од нејзините совети како да станете брилјантна жена:

  1. Направи пакт. Никој друг нема да ти го изгради животот што го сакаш за себе. Никој друг нема дури ни да биде во можност да те разбере целосно. Направи пакт со себеси да бидеш во играта за долги дестинации, како свој сопствен пријател за поддршка на секој чекор на патот.
  2. Замисли го. Што значи посакуваниот живот за тебе? Што е сонот што не си дозволуваш себеси ни да го замислиш бидејќи ти се чини премногу нереален, несериозен или луд? Започни да го замислуваш. Тоа е почеток на тоа да го оствариш.
  3. Воздивнувај. Почни да правиш работи кои те прават да воздивнуваш и да почне адреналин да тече. Запрашај се: “Што е акција на ниво на воздишка тука?”. Стравовите и внатрешниот критичар ќе започнат четување во вашата глава. Тоа е нормално, и во ред е. Кога ќе го слушнете тој континуиран, ирационален, лош внатрешен критичар, именувај го за тоа што е, и запомни, тоа е само страшлив лажго, кој се обидува да те заштити од каков било вистински или привиден ризик. Оди кон воздишките и ќе научиш колку лажна навистина е приказната на твојот внатрешен критичар, и колку се надминливи твоите стравови.
  4. Добиј „дебела кожа“. Ако преземаш ризици, понекогаш ќе добиеш овации, а понекогаш, луѓето ќе те маваат со домати. Можеш да се сетиш на некој лидер или иноватор на кого му се восхитуваш, а кој нема и ентузијастички фанови и остри критичари? Навикни се и на победи и порази, и пофалби и критики, и добивање повик назад и игнорирање. Работи на ослободување од желбата да бидеш сакана од сите и желбата да бидеш универзално позната како “фина личност.”

Останатите правила можете да ги прочитате тука.

Be the first to comment on "Тара Мор- правила за брилијантните жени"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*