Здравствена заштита во затворите во Република Македонија, со посебен акцент на здравјето на жените

zdravstvo zatvori

Во рамки на Првиот Форум за родова еднаквост, во организација на FES Skopje и ПРОГРЕС Институт беше изготвена анализата „Здравствена заштита во затворите во Република Македонија, со посебен акцент на здравјето на жените“.

Намерата на овој труд е да се согледа целосно состојбата со здравствената заштита на лицата лишени од слобода, како од аспект на пропишана легислатива и нејзина усогласеност со меѓународните норми и стандарди, така и од аспект на имплементација на пропишаните норми. При анализата на проблемот посебно се обрнува внимание на здравствената заштита на жените лишени од слобода, имајќи предвид дека различните потреби на мажите и жените бараат и различен пристап во нивното решавање. Целта на овој труд е воспоставување на професионален и ефикасен пристап кон обезбедување на здравствената заштита на лицата лишени од слобода и целосно почитување на нивната личност и достоинство согласно меѓународните стандарди.

Целата анализа можете да ја видите тука.

Be the first to comment on "Здравствена заштита во затворите во Република Македонија, со посебен акцент на здравјето на жените"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*