Самохраните мајки-жртви на мултиплицирано насилство

samohrani majki1

Во рамки на Првиот Форум за родова еднаквост, во организација на FES Skopje и ПРОГРЕС Институт беше изготвена анализата „Самохраните мајки-жртви на мултициплирано насилство“.

Предмет на овој документ е дискриминацијата и виктимизацијата врз жените предизвикана од неажурноста на институциите на правниот систем во Република Македонија во форма на насилство кое го трпат, а кое подоцна се манифестира во страв кај останатите жени кои се одвратуваат од идејата да пријават семејно насилство по кој било основ. Целта на овој документ е да се нотираат проблемите и недостатоците во делот на појавата на дискриминација во случај на семејно насилство врз жената од страна на институциите на системот и да се дадат препораки за надминување на проблемите и недостатоците во однос на дискриминацијата, при случаи на семејно насилство врз жените во нашата држава. Документот ќе се обиде да ги идентификува можностите за понатамошно усовршување на капацитетите на институциите на системот во начинот на нивно постапувње кон жртвите на семејно насилство.

Една од основните задачи на овој документ е да придонесе кон унапредување на пристапот на институциите на системот кон самохраните мајки, жртви на семејно насилство со цел остварување на нивните права, и проценка на ажурноста и степенот на селективност на институциите во нивниот пристап кон потребите на жртвите на семејно насилство.

Целиот документ можете да го погледнете тука.

Be the first to comment on "Самохраните мајки-жртви на мултиплицирано насилство"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*