Програма за (само)вработување на самохрани мајки

17309358_280616919033512_4042081028487093443_n

 Проектот „Програма за (само)вработување на самохрани мајки“ спроведуван од организациите: „Бизнис конфедерација на Македонија“, „Институт за менаџмент поддршка“ и „Здружение на бизнис жени“, финансиран преку ИПА Компонента IV, во текот на целата 2017 година, активно спроведува активности, во повеќе фази, со повеќе општествени партнерства, заедно со сите релевантни и засегнати чинители, за подобрувањето на можностите на самохраните мајки за вработување и самовработување, во општините во кои проектот се реализира: Битола, Штип и Скопје (Општина Центар).
Промотивните настани на проектот ќе се одржат по следниот редослед:

  • Скопје: 25ти Април (вторник) во Салата на Советот на Општина Центар – Скопје, со почеток на регистрација во 11:30 часот.
  • Битола: 26ти Април (среда) во Салата на Советот на Општина Битола, со почеток на регистрација во 11:30 часот
  • Штип: 27ми Април (четврток) во Хотел Изгрев-Штип, со почеток на регистрација во 11:30 часот.

 За било кој од настаните можете да го потврдите Вашето учество на следниот е-маил: info@abw.mk.

Be the first to comment on "Програма за (само)вработување на самохрани мајки"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*