Сексизам во филмовите

Ема Вотсон говори на настан на UN WomenЕма Вотсон говори на настан на UN Women

Според TheGuardian 99% од жените кои работат во филмската и ТВ индустрија искусиле сексизам во својата работа.

Ема Вотсон, глумица: „Имам искуство со сексизмот имајќи во предвид дека режисерите со кои сум работела биле мажи во 17 случаи, а само два пати биле жени. Од продуцентите со кои сум работела 13 се машки, а само една е жена. Но, јас сум среќна: Јас секогаш инсистирав на тоа да ме третираат подеднакво и генерално ја освоив таа еднаквост. Поголемиот дел од проблемите кои сум ги имала биле во медиумите, каде што сум била третирана толку неверојатно различно од моите машки ко-ѕвезди.“

Ликси Александер, режисерка: „Јас можам да набројам бескраен број примери, од возач кој одби да ме земе, бидејќи му беше речено да го пречека режисерот (а тоа бев јас) до директори, кои инсистираат на тоа дека треба машки режисер за филм за бокс и борби, а потоа вработуваат маж кој никогаш не се скарал во неговиот живот, а јас поминав поголем дел од мојата младост како меѓународен шампион за компетитивна борба. Еднаш некој ми рече: “Ние навистина сакавме Вие да го режирате овој филм, но “анонимен машки глумец/ѕвезда”одбива да биде режиран од една жена.”

Ама Асанте, режисерка: „На мојот прв филм, по завршувањето на првата снимка, се сретнав со еден член на екипажот, кој ме праша дали јас “знам зошто жените крварат”. Кога погледнав во него, малку збунета, тој одговори, „бидејќи тие се зло”. Инаку, најголем дел од сексизмот кој сум го искусила е суптилен. Постојат толку малку жени кои работат како режисерки, често екипажот, кој не е претходно предводен од страна на една жена, мора да помине низ процес на навикнување.“

Повеќе интересни приказни од жени во филмската индустрија можете да најдете тука.

Be the first to comment on "Сексизам во филмовите"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*