ЕУ се приклучи на Истанбулската Конвенција

Flag_of_Europe.svg

На 11 мај 2017 година (датумот кога пред 6 години беше усвоена Конвенцијата), Советот на Европската Унија донесе две одлуки за потпишување на Конвенцијата на Советот на Европа (Истанбулската Конвенција) за спречување и борба против насилството врз жените и семејно насилство.

Со донесување на одлука да се приклучи на Конвенцијата од Истанбул, Европската унија ја потврдува својата заложба за борба против насилството врз жените во рамките на нејзината територија и на глобално ниво, и ја зајакнува постојната законска рамка и капацитетите за дејствување.

Елена Дали, министерка за социјален дијалог, потрошувачки прашања и граѓански слободи на Малта рече: “Насилството врз жените е кршење на човековите права и екстремна форма на дискриминација. Со приклучувањето кон Конвенцијата од Истанбул, ЕУ ја потврди својата водечка улога во искоренувањето на насилството против жени и справување со сите форми на дискриминација врз основа на пол. Ова е уште еден успех што сигурно ќе има позитивно влијание врз оние кои се подложни на родово базирано насилство “.

Сите земји-членки на ЕУ веќе ја потпишале Конвенцијата.

Be the first to comment on "ЕУ се приклучи на Истанбулската Конвенција"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*