„И мажите можат“ – саем за мажи

21728789_337251320073264_2481110370238853076_o

Саемот за мажи „И мажите можат“ е национална кампања* која има за цел да го промовира вклучувањето на мажите и момчињата за родова еднаквост. Овој јавен настан ќе се одржи на 16-ти септември во „Јавна соба“ (Скопје) со почеток во 12 часот. На јавниот настан предвидено е да се одржат три работилници за градење вештини („Мажите готват“, „Мажите пеглаат“ и „Креативни игри за децa“), во кои учество можат да земат мажи и момчиња. Настанот ќе биде отворен за публика и медиуми, за што дополнително ќе бидат споделени информации со јавностa.
За секоја работилница ќе бидат избрани 5-мина учесници.
Пријавувањето е преку пополнување на податоци, најдоцна до 14-ти септември.
Избраните учесници ќе бидат контактирани од страна на организаторот на 15-ти септември, и замолени да го потврдат своето учество. Повеќе информации околу работилниците и начинот на пријавување можете да најдете подолу.

***************************************************************
Работилницата „Мажите готват“ се однесува на стекнување на вештини во кујна. Работилницата настана по инспирација од приказната на Џорџ Георгиевски кој стана светски познат татко по подготовката на креативни, здрави оброци за своите ќерки. Во рамки на работилницата ќе бидат опфатени следните активности:
– Демонстрација и вежбање на техники за подготовка на храна (правилно ракување со прибор за работа, техники на сецкање и сл.)
– Информации околу правилна обработка на производи (купување на намирници, чување и обработка)
– Подготовка на појадок за на училиште (оброци за деца, едноставни и брзи за подготовка )
– Подготовка на оброк за целата фамилија (подготовка на салата (Шумска салата) главно јадење (пржен зеленчук и пилешко во кари сос) и десерт (карамелизирано овошје со сладолед))
Работилницата ќе трае околу час и половина.
На работилницата можат да се пријават момчиња и мажи кои сакаат да учествуваат и да ги подобрат своите вештини преку горенаведените активности. За да се пријавите на работилницата потребно е да ги пополните информациите подолу.
Намирниците и инвентарот за готвење ќе бидат обезбедени од страна на органзиаторот.
***************************************************************

Работилницата „Мажите пеглаат“ се однесува на стекнување вештини за пеглање на облека. Иако постојат многу трикови и совети како побрзо да се испегла облеката, оваа работилница предвидува постепено надградување на знаењата и вештините, почнувајќи од основните потребни знаења: како се пере облека (сортирање по материјал, боја итн.), како се читаат ознаки на облека/што значат симболите, како се држи пегла и слично.
Во рамки на работилницата ќе бидат опфатени следните активности:
– Сортирање на облека за перење
– Техники на пеглање на кошула, маица, фармерки, панталони
– Техники на диплење
Работилницата ќе трае околу час и половина. На работилницата можат да се пријават момчиња и мажи кои сакаат да учествуваат активно и да ги подобрат своите вештини преку горенаведените активности.
Напомена: Избраните учесници треба да понесат свои парчиња облека ( 1 пар фармерки, 1 кошула, 1 маица, 1 пар пантолани).

Опремата за пеглање ќе биде обезбедена од страна на органзиаторот.
***************************************************************
Работилницата „Креативни игри за деца“ се однесува на стекнување на вештини за анимација и развивање на креативност кај децата преку различни техники и игри. Во рамки на истата учесниците ќе имаат прилика да научат како да се забавуваат користејќи креативни алатки , интересни игри и лесно достапни материјали кои можат да ги најдат во домот.
Во рамки на работилницата ќе бидат опфатени следните активности:
– Примери за креативни игри и анимација на деца (цртање, боење со предмети од домот)
– Запознавање со театар на сенки
– Изработка на фигури како главни ликови во приказна со сенки
– Основи на игра со светло
– Драматизација на приказна со сенки
Работилницата ќе трае околу час и половина. На работилницата можат да се пријават учесници со придружба на деца на возраст од 3 до 7 години, кои сакаат да се забавуваат и да ги подобрат своите вештини во анимација на деца.
Напомена: Избраните учесници треба да присуствуваат со дете од наведената возраст.

Материјалите за работилницата ќе бидат обезбедени од страна на организаторот.

Be the first to comment on "„И мажите можат“ – саем за мажи"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*