Бесплатна Работилница „Здравјето на бремената жена и медицинските контроли“

22291213_893737174116500_9011648613871144579_o

Утре (13.10.2017 година), со почеток 17:30 во Канцеларијата за млади на Општина Центар ќе се одржи Бесплатна работилница „Здравјето на бремената жена и медицинските контроли“. Работилницата е во организација на Женски Центар Астарта и Општина Центар, а на истата ќе говори д-р. Ана Марија Шпишиќ-Пушевска, специјалист гинеколог-акушер, од 2013-та година вработена болница по гинекологија и акушерство Мајка Тереза – Чаир. Една од ретките, можеби и единствениот гинеколог кај нас, која својата специјализација по гинекологија и обстетриција ја поминува на клиника во Загреб позната по можноста за целокупен природен пристап кон породувањето и грижата за бебето и мајката потоа.

Работилницата ќе ја води Даница Ивановска Лепојевиќ, психолог, советничка за доење, дула и наставник по пренатална јога, основачка на Женскиот центар АСТАРТА.

Информации и пријавување на 070 216 136 и на astartazenskicentar@gmail.com.

Be the first to comment on "Бесплатна Работилница „Здравјето на бремената жена и медицинските контроли“"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*