Силвија Митевска, Претседателка на ТАКТ

Силвија Митевска, Претседателка на ТАКТСилвија Митевска, Претседателка на ТАКТ

Еднакви.мк: Вие сте Претседателка и една од основачите на ТАКТ, невладина организација за градење мостови преку спортот и културата. Што Ве поттикна на основање ваква организација?

Силвија Митевска: Граѓанската организација ТАКТ е такт тимоснована пред речиси три години во Скопје. Според нас, основачките, спортот беше маргинализиран и постоеше простор каде спортот како платформа може да се искористи за поттикнување на општествени промени. Јас долго време се занимавав со параглајдерство и други спортови и многу добро знаев што се може да се постигне преку спортот. Јас, како и останатите во ТАКТ веруваме во моќта на спортот да трансформира животи и да подобрува цели заедници па и општества. Водејќи се од ова мото, се роди идејата за ТАКТ, здружение кое за неполни три години се етаблира во граѓанскиот сектор и досега реализира многу спортски иницијативи кои водат кон одржливи општествени промени.

Еднакви.мк: Дел од вашите досегашни активности ги опфаќаат проектите „Обединети преку спортот“, „Девојките се лидери„, „Здраво стареење преку спорт“ и други. Кој од овие е Ваш омилен проект и зошто?

Силвија Митевска: Моментално имплементираме четири проекти, од кои три се однесуваат на промоција на родовата еднаквост во спортот и зајакнување на девојки преку спорт. Борбата и заложбата за родова еднаквост ми е многу блиска и лична, и сета енергија, знаење и искуство за постигнување на резултати ми се насочени во тој правец. Јас апсолутно тврдам дека се уште постои родова дискриминација во спортот, на сите нивоа, и во грас-рут спортовите и на раководните структури при спортските институции. Жената спортист е маргинализирана и се уште го нема завземено местото кое и припаѓа. Оттука, сите наши иницијативи се насочени кон надминување на нееднаквоста, креирање на правилни политики ,истовремено и подигнување на свеста по однос на ова прашање. За постигнување на овие резултати, одлично соработуваме со американската, холандската и француската амбасада, УН Вомен, Глобалната спортко менторска програма, како и Агенцијата за млади и спорт и Факултетот за физичко образование.

Еднакви.мк: На што работите во моментов?

Силвија Митевска:  Периодов водиме интензивна кампања за промоција на спортското видео ,,Девојки како нас’’, кое е револуционерно и прво од ваков вид на нашиот простор. Во ова видео протагонистки се девојки спортистки, од осум различни спортски дисциплини. Видеото ја потенцира моќта на женскиот спорт и придобивките од спортувањето. Со ова видео сакаме да поттикнеме што поголем број на девојки да спортуваат, рекреативно и професионално. Досега сме многу задоволни од аутричот, видеото стана вирално на социјалните медиуми и е споделувано од многу девојки и момци. Видеото го изработивме со поддршка од Холандската амбасада во Р. Македонија.

Истотака, периодов ја формираме и работната група за унапредување на родова еднаквост во спортот во која ќе членуваат истакнати поранешни спортистки, DSC_0415 1кои имаат големо искуство на спортските терени и можат да придонесат со препораки како системски да се надмине родовата дискриминација и родовите стереотипи. Работната група е прва од ваков вид, и многу ни е драго што токму нашата организација направи исчекор кон нејзино формирање. Во иднина ќе ве известиме за сите наши извојувани мали и големи победи во женскиот спорт.

Еднакви.мк: Што би им порачале на младите жени во Македонија?

Силвија Митевска: Би им порачала мудро да се борат за своите права, да не се откажуваат доколу знаат дека се во право и на вистинскиот пат и да покажат женска солидарност зашто на сите нам ни е многу потребна. Доколку имате прилика поддржете и помогнете барем една девојка или жена во вашето опкружување. Секој од нас почуствувал дека во одреден момент е многу важно некој да ви подаде рака и да ве охрабри да чекорите напред.

Be the first to comment on "Силвија Митевска, Претседателка на ТАКТ"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*