Јавна расправа за Извештајот за имплементација на Стратегијата за родова еднаквост за 2016 година

20171114_112922

Денес се одржа јавна расправа на тема “Годишен извештај за имплементација на Стратегијата за родова еднаквост за 2016 година”, во организација на Комисијата за еднакви можности меѓу мажите и жените на Собранието на Република Македонија. На јавната расправа, покрај членовите на Комисијата присуствуваа и претставници на државните институции, здруженијата на граѓани и меѓународни организации кои работат во областа на родова еднаквост.

20171114_112955Во текот на дискусијата беше истакнато дека сеуште има недостаток на родово разделени податоци, како основа за креирање родово сензитивни политики, недостаток на хармонизиран систем на индикатори кои ќе го мерат прогресот во областа, како и недоволна регулираност на родово базираното насилство во законската регулатива. Се потенцираше дека многу често се запоставува мултиплицираната дискриминација, како и недостатокот на жени во научните институции и управувачките одбори. Дополнително како еден од главните приоритети во иднина се истакна ратификацијата на Истанбулската Конвенција, за која цел веќе е формирана работна група во Владата на Република Македонија.

Целиот Извештај можете са го погледнете на следниот линк: Годишен извештај за имплементација на Стратегијата за 2016 година

Be the first to comment on "Јавна расправа за Извештајот за имплементација на Стратегијата за родова еднаквост за 2016 година"

Leave a comment

Your email address will not be published.

*